Точакот на Луи Витон

Можевме ние тоа и поофицијално. „Погледнете го новиот велосипед на Луи Витон, кој секој би посакал да го вози низ улиците на својот град.“ Ама реалноста е дека се работи за точак, брендиран, ама точак, што за да мерите улици и да заобиколувате контејнери ќе ве чини колку гарсоњера во Ѓорче.

Луи Витон и Мезон ТАМБОАТ, занаетчиски точкар од Париз што постои од 1912 ги здружуваат своите способности и брендови и креираат симбол на парискиот шик - велосипедот на Луи Витон, кој е совршен за градска авантура на две тркала, или истражување на селската идила. Го канат секој љубопитен велосипедист, почетник или искусен да истражува хоризонти, удобно меандрирајќи низ секакви површини. Велосипедот на себе го носи потписот на двете куќи, а покрај монограмот на Луи Витон, ги има и другите карактеристични детали, како кожното седло, рачките и малата прикачена торба.

И точакот е убав и филмчето е убаво, ама прашањето на денот е, дали луѓето што плаќаат за Луи Витон се типови на луѓе што возат точак?

25.000 евра.

10 септември 2021 - 14:58