На првата слика од снимањето, се гледа Кристен како замислено гледа низ прозорец, со русокоса перика чија форма се познава од авион. Публиката веќе искажува надежи дека филмот нема да биде ужасен (или ужасно примен) како верзијата со Наоми Вотс. А на Ларејн му е втор филм од ваков тип, после „Џеки“ каде главна улога беше Натали Портман и беше номинирана за Оскар.
„Спенсер е нурнување во емотивната замисла за која била Дајана во еден пресвртен момент во нејзиниот живот,“ рече Кристен Стјуарт на еден прес. „Физичко доживување на сумата од сите нејзини делови што почнува со нејзиното моминско презиме; Спенсер. Тежок напор ѝ е потребен да се врати на самата себе додека се труди да се задржи за она што ѝ значи името Спенсер.“
Слично како во „Џеки“, дејството ќе се одвива во еден доста болен период од животот на Дајана. Се фокусира на викендот во кој Дајана се наоѓа во Сандрингемската палата со Кралското семејство за Божиќ, а длабоко во себе знае дека е подготвена да го напушти бракот.
Сепак, Стјуарт има силна конкуренција. Ема Корин веќе има номинација за Critics’ Choice награда за нејзиното претставување на Дајан во „Круната“. И реално, заслужено, сте ја виделе ли? И, бидејќи следната сезона веќе сите треба да се постари, во серијата сега ќе ја замени Елизабет Дебики.
Филмот прво ќе се емитува на Венецијанскиот филмски фестивал на 3 септември, пред да се појави во Америка на 5 ноември, а наскоро потоа и во Велика Британија.
Трејлерот: