Се работи за економична структура од еден кат, сместена на мала парцела во Најафабад, Иран. Во обид да се интегрира целото тело и таванот на градбата, архитектите економично користат камења што можат и да се најдат во регионот.
Планот е многу едноставен - дневна соба и трпезарија на југот од куќата, тесна кујна со еден ѕид на запад и две спални со пониски таани на северната страна бидејќи самата парцела била премала за да се додаде и двор, плус, клиентот секако побарал да биде еден кат. Скалика на западната страна овозможуваат пристап до спалните.
За да не се нарушува приватноста, влезот е направен со дистанца меѓу јавните и приватните делови. Исто заради приватноста, а и за да се заштитат од очите на минувачите, структурата е опкружена со ѕид што исто така ја модифицира формата на парцелата. Завиениот кров служи како врска меѓу ентериерот и дворот што се наоѓа горе.
Ние би, сепак, овде.