Ако се прикажувате во вистинско светло
Израз на себе, без разлика дали кажуваме како вистински се чувствуваме во одредена ситуација или во однос на нешто, или едноставно се работи за стил на облекување - знае да биде привлечно за другите луѓе. Затоа и уживаме да гледаме луѓе додека работат нешто што ги прави среќни. Емоционално атрактивните луѓе не се плашат да покажат кои се вистински. Не кажуваш мислење и не создаваш уметност за да ги воодушевиш другите, туку затоа што сакаш - и затоа што си среќен со себе.
Сакате да ги запознаете луѓето на емотивно ниво, наместо површно
Љубезноста и љубопитноста за вистинската личност на човекот спроти нас е нешто што се забележува, макар и луѓето да не се веднаш свесни за тоа. Емоционално привлечните луѓе сакаат длабоки разговори и не се повлекуваат од теми што бараат потемелно размислување и навлегување.
Паметите ситни детали за некого
Ако активно слушаме некого, не само што го познаваме подобро подоцна, туку и човекот се чувствува слушнат. Особено што како резултат на тоа, после неколку недели ќе му кажете дека сте виделе баш таков сладолед каков што сака во некоја слаткарница. Луѓето не се навикнати на такво необавезно внимание затоа што површноста цвета, а луѓето што внимаваат се ретки.
Удобно ви е со „не“ за непријатни ситуации
Поставувањето на здрави граници за себе, не само што нѐ прави поздрави личности - креира и поздрави односи со другите луѓе.
Имате отворен ум
Просто е: луѓето полесно им приоѓаат на луѓе со отворен ум. Ова не значи дека немаме мислење за одредени нешта, но емоционално привлечен човек ги слуша сите што имаат да кажат. Го интересираат туѓите идеи и не брза да суди.
Страст, пасионерство
Уживате во нешто? Јасно го кажувате тоа? Ова може да ви е прекрасна карактристика и токму тој дел од карактерот да ги привлекува другите луѓе кон вас, и не само тоа - пасијата за која отворено и радо зборуваме може да го подобри и расположението на луѓето околу нас.