Двоен говор, или како да излажеш без да лажеш

Двојниот говор се дефинира како начин на изразување што е во основа наведување во погрешен правец; непријатните вести да ги направиш пријатни, неатрактивното да го направиш атрактивно, или како што ќе одговори Тони Сопрано кога ќе го прашаат што работи - „Консултант за менаџирање со отпад.“

Не е трговија на органи, човечки ресурси е.

Постојат најмалку четири видови двоен говор. Во првата варијанта, канибализмот станува „протеинска ре-алокација“, а во последната, како во финтата на Тони Сопрано (што е смешна, но кога ќе ни текне како се користи во нормалниот свет ни се приповратува) се работи за 

„Напумпан говор осмислен да направи едноставното да изгледа комплексно или да се добие впечаток на важност кај луѓето, предметите или ситуациите.“

Или кога бутик во оглас за работа бара „моден консултант со искуство во продажба“, а се работи едноставно за - продавач/ка во бутик.

Концептот потекнува од 1984 на Орвел, каде што клучна е уште една идеја - doublethink - да знаеш и да не знаеш.

Со истиве финти, во едно американско основно школо успеваат да дозволат „нискокалорични пијалаци“ за време на ручек, што во превод значи - сокови со шеќер, на цела мака и кампања што се тера таму за борба со гојазни деца.

А светот е толку преполн со активности, етикети и професии што се пример на двоен говор, што само ни останува упорно да ги разоткриваме, за ако ништо друго, бар да не ни се качуваат на глава.

2 септември 2021 - 00:00