Без разлика на првата асоцијација со лажен профил вака локално гледано, не, не заговараме, а ни Ана Акана не заговара лажен профил за досаѓање и малтретирање луѓе на социјални мрежи. Дури не се ни користи за пишување штабски небулози и нелогични политички осврти од пет-шест неписмени збора.
Ова е едноставно - за да не се брукаш, кога веќе Инстаграм мора да кажува кој ти го гледал „сторито“.
На пример, сакаш да гледаш стори на бивш партнер, ама не сакаш да знае дека си го гледал и дека те интересира, затоа што можеби стварно си го/ја преболел, ама ете, те интересира.
Или не си го/ја преболел, па автоматски те интересира.
Или се правиш дека некој не те интересира, ама те интересира.
Да, неочекувано е Јутјуб инфлуенсер и видео-креатор да заговара, во основа - безболно демнење, ама Акана одамна прави видеа тотално рилејтабл со реалниот живот.
Ние ќе се задржиме на еден од изнесените аргументи против: најарно да не се навраќаш на завршени работи и да продолжиш напред, и никако да не се мавташ со Финста за губење време на ликови од минатото.
Ама реално, колку луѓе ќе кажат „добро“ на ова?