Влијанието е од руските „панелки“ и има шалови, капи и маски за скијање (и за бидување во Москва во зима) - на принцип на генеративен дизајн. Моделите се градат во 3Д и се ставаат во машина, па се автоматизира производството и целиот креативен процес.
Вештачката интелигенција се јавува како дизајнер без предрасуди: Проектот почнал како експеримент за истражување на невралната архитектонска мрежа. Користат имплементација NVIDIA Tensorflow и имаат напишано интерфејс за истражување на способностите на мрежата. Потоа, дизајнери бираат десет илјади слики од типична пост-советска архитектура и системот за вештачка интелигенција конструира просечен преглед на „панелки“.
Идеите ги развиваат понатаму, со сѐ поголема инспирација од генеративниот дизајн.
„Со подесување на параметрите на ВИ откривме дека може да дејствува сама во уметничкиот процес. ВИ-дизајнерот нема обзир кон клишеа и мислења, може да создаде многу необични и многу неочекувани комбинации и орнаменти и почнавме да го користиме на целата 3Д облека,“ споделуваат од тимот. „Мислиме дека овој пристап кон дизајнот е како всушност иднината ќе изгледа.“