Љубовен пресврт на денот:

Бискупот што се вљуби во писателка на сатанистичка еротика

Сатанистичката црква веќе честиташе.

Еден бискуп се вљубил до уши во експертка за Сатанизам и одлучил да ја напушти црквата за да биде со неа, оставајќи ги поранешните колеги, се разбира, убедени дека е опседнат од демони.

Хавиер Новел, 52-годишен свештеник од Шпанија, минатиот месец даде отказ поради „лични причини“, откако ја запозна писателката и психолог Силвија Кабалол и се откажа од целибатот. Се запознале кога Хавиер почнал да изучува демонологија.

Католичкиот весник Религион Дигитал потврдува дека сега се во врска. Хавиер вели дека „се вљубил“ во Силвија и сакал „да направи како што треба“.

Претходно, закоравениот католик бил мета на критики поради неговата инволвираност во терапија за конверзија на хомосексуалци - техники и вежби за кои црквата тврди дека можат да претворат геј луѓе во стрејт. Бил и обвинет за договарање брак меѓу еден од неговите „конвертирани“ пациенти и некоја жена, без дозвола од црквата или нејзините родители.

Никој не се секирал околу неговата посветеност, кога станал најмладиот бискуп во Шпанија во 2010.

Поради тоа, голем е пресвртот што Хавиер сега ѝ е дечко на авторката на Амнезија - мрачна еротска трилогија, и Пеколот на страста на Габриел каде што се опишува „сировата борба меѓу доброто и злото, Господ и Сатаната и ангелите и демоните“.

„Проблемот не е во целибатот, туку во заразата,“ вели еден од неговите поранешни колеги за шпанските медиуми, сигурен дека овој драматичен пресврт може да се објасни со тоа дека демони го опседнале кутриот Хавиер.

Има и наводи дека го одбил советот на Папата Франциск да си направи егзорцизам и „да го ослободи неговиот измачен дух“. А редовно изведувал егзорцизми додека бил свештеник.

Два затворени поранешни свештеници од бунтовничката каталонска влада отворено изразија подршка за Хавиер.

Љубовта секогаш победува.

9 септември 2021 - 10:07