„На 16 мај 1940, официјално наречен ‘Најлонски ден’, четири милиони пара најлон чорапи се пуштени во продажба и распродадени во рок од два дена. Но, само една година подоцна, револуционерниот производ станува реткост кога економијата на Втората светска војна го презема целиот најлон за изработка на падобрани, јажиња и мрежи.“
Немало најлон и свилени хулахопки, па на жените буквално им ги сликале на нозете:
Го цртале шевот на „шминка“ чорапите со направа креирана од рачка од штрафцигер, штипка и молив за очи. Ова во 1942.
Во 1944, се појавува Делетре ракавица за шминкање нозе. Се продавала како комбинација од шминка за нозе и апликатор.
Штанд за шминкање нозе, исто така од 1944:
Не им се мешајте во најлон-чорапи на жените, ни војна не ги спречува.