Џо Голдберг станува татко, како да не беше доволно забегана серијата

Ви текнува на You, една од ретките серии каде што главниот лик е социопатски манијак и луѓето некако - навиваат за него? Ликот, за кој дури и глумецот што го игра нѐ молеше да не го романтизираме? Е па, сега се спрема трета сезона и во трета сезона, Џо Голдберг ќе има бебе.

На смртоносно безнадежниот романтичар и посветен читател заулавен дека е „најобичен дечко“ ќе му се придружи и еднакво нездравата сопруга, Лав (како Љубов) која ја играше Викторија Педрети.

Почнуваат спојлери за втора сезона.

На крајот на втората сезона, Џо и Лав се преселија во предградие да се фокусираат на бебето, но ни најавија дека Џо едноставно си најде нова Ти, што почна да ја ѕирка низ дупка на оградата.

Сега Џо живее малку посеверно од Лос Анџелес, во калифорниската енклава Мадре Линда со жената и бебето и ќе го провоцираат повеќе напорни локалци, овој пат бизнисмени, млади инвеститори, мајки-блогерки и инста-славни биохакери. Како што наложи и последната епизода досега, конфликтот лежи во тоа што е сопруг и татко, но има потенцијална симпатија станува комшиката.

„Можно ли е жената што цело време ја барал да живее во соседната куќа? Да излезеш од кафез во подрум е едно. Но, навидум совршен брак со жена која совршено ти ги знае финтите? Тоа ќе биде многу покомплицирано бегство.“

Последниот роман за Џо, „Ти ме сакаш“, во серијалот на Керолин Кепнес нема да го искористат како основа за новата сезона. И втората се оддалечи вака од основата.

Освен Беџли и Педрети, во трета сезона ќе се врати Сафрон Буроус (како мајка ѝ на Лав). Доаѓа и Тати Габриел (Пруденс од „Страшните авантури на Сабрина“), меѓу другите.

Во трејлерот, Џо прави торта за син му, кој има име „класично, но не секојдневно и се разбира, книжевно - Хенри.“

Врхунски трејлер:

2 септември 2021 - 23:04