Она „тик“ во „ТикТок“ си доби буквално значење

Според еден извештај објавен од страна на Меѓународното друштво за Паркинсон и нарушувања во движењето, се појавуваат тикови меѓу младите од почетокот на пандемијата со коронавирус. И ова може да е тесно врзано со - ТикТок.

„Има впечатливи преклопувања во феноменологијата на овие однесувања со тикови видени во нашите центри во Канада, САД, Велика Британија, Германија и Австралија,“ пишуваат истражувачите, опишувајќи група пациенти составена од млади на возраст од 12 до 25 години кои речиси сите биле жени и девојчиња. Брзата појава на овие тиковидни однесувања наводно имала многу врска со користењето социјални мрежи кај учесниците, особено поради нивната новопронајдена и заради пандемијата зголемена опсесија со ТикТок.

Според извештајот:

„Брзи појави на тикови се случуваат кај сите учесници за време на пандемискиот период (по 1 март, 2020) и изложеноста на инфлуенсери на социјални мрежи со тикови или Туретов синдром.“

Понатаму во извештајот, за конекцијата се вели,

„Во некои случаи, пациентите посебно идентификувале асоцијација меѓу оваа изложеност на социјални мрежи и појавата на симптомите… Изложеноста на тикови или слични однесувања е можен тригер за набљудуваното кај барем некои од овие пациенти, врз основа на механизам за моделирање болести.“

@jessjessjessu

rating some of my tics part 1 💓 inspited by @lifesatwitchemma 💗💗 #tics #ticsandtourettes #ticdisorder #fyp #ticsawareness #awareness

♬ original sound - Jess 💗

Од 20-те пациенти, осум имале „комплексни вокализации со повторување на случајни зборови или фрази (на пр. чук-чук, ву-ху); 11 од 20-те учесници повторувале пцости или вулгарни, навредливи зборови или фрлале предмети, а 14 од 20 имале комплексни однесувања од типот на фрлање или удирање на телото, други луѓе (главно родители) или предмети.

„Надворешните фактори како гледање популарни личности на социјалните мрежи и нивните видеа со тикови може да вметнале верување дека тиковите можат да катализираат прифаќање, па дури и популарност. Хаштагот #ticdisorder има над 400 милиони прегледи на ТикТок и ова може да звучи загрижувачки. Но, извештајот вели социјалните мрежи не се фактор кај секој испитан пациент во сите центри, што кажува дека не мора да значи дека се одлучувачки фактор.“

Се разбира, улогата на коронавирусот не смее да се потцени - иако во оваа рана фаза е тешко да се опипа колкав е точно импактот. Пандемијата е огромен извор на стрес и анксиозност на глобално ниво и резултатите се зачестени симптоми за нарушено ментално здравје и побарувачка за услуги за справување со него.

„Зголемената социјална изолација и раширената употреба на социјалните мрежи може да имаат придонесено како фактори во релевантна пропорција од овие пациенти. Но, како и со многу работи, потребни се многу повеќе истражувања за да се донесе посериозен заклучок.“

7 септември 2021 - 17:39