Како потта да не ви ја уништи облеката

Се случува испраните спортски алишта да мирисаат непријатно после недели некористење, се случуваат неочекувани дамки - но има решение.

Според Џорџа Мекоркил, моден предавач на РМИТ универзитетот, дамките од пот остануваат поради „комбинација на соли во потта и дезодорансот што го користат луѓето.“ Вели дека самата пот е стерилна, но кога ќе се помеша со бактериите на кожата, се случуваат мирисите што ги поврзуваме со потта.

Значи не сме криви ако се потиме, криви сме ако не се бањаме редовно и си оставаме бактерии со кои потта после среќно ќе се венча.

Кога нема правилно да се справиме со нив, дамките од пот и мирисите можат да бидат доста упорни, ама сепак - постојат начини да се избегнат.

Перење веднаш
Дамките и мирисите се предизвикуваат кога ќе се формираат бактерии на материјалот, па најдобро е да се измијат веднаш по носењето. Колку подолго оставаме пот на алиштата, толку повеќе бактерии се множат.

Рајан Маникс, учител по јога и поранешен професионален спортист поминува низ „многу перење на спортска облека“ и препорачува да се проветрат алиштата со оставање по страните на корпата, а не да лежат на дното на корпата испотени. Да се пере во машина на ладенциклус со течен детергент и да се обесат да се сушат.

Дамките знаат да бидат безобрзни
Мекоркил истакнува дека понекогаш дамките на облека за посебни прилики, како свила на пример, не се гледаат веднаш, па не ја ставаме одма за перење или на хемиско. Ако материјалот е особено деликатен, потта може да предизвика реакција со тек на време, а резултатот ќе биде мирис или дамка што ќе се појави и месеци подоцна. Ако веднаш ја однесеме на хемиско чистење или набрзинка ја испереме на рака, ова може да се избегне.

Дури и препорачливо е само „настраданите“ делови да се исперат, за да не се стигне до милион пати перење на деликатно парче облека што може да го уништи на крај.

Бирајте природни влакна и природни дезодоранс
Поради нивните специфични својства, природните материјали како памук, волна и свила реагираат поинаку на потта отколку синтетичките како полиестер и еластин.

Полиестерот „има комплициран однос со потта бидејќи ја апсорбира масната пот од под пазувите,“ што ја предизвикува онаа кошмарна долгорочна смрдеа, што зрачи од некои луѓе и на која сме за жал навикнати, па по тоа ги препознаваме. „Сите“, вели Мекоркил, „имаме маица од полиестер што сме ја испрале, сме ја облекле и пак мириса лошо.“

Значи, колку поприродно влакно, толку помалку шанси за лош мирис, а истото важи и за антиперспирантот - ако нема алуминиум, помали се шансите за флеки од пот.

Кога ништо не функционира
Мекоркил предлага да ги исечете исфлеканите парчиња под пазуви, или едноставно тој дел од материјалот што го предизвикува мирисот и да го замените со парче свежа ткаенина. А ако е флека на спортска облека, и не се чисти, а перено е - Рајан Маникс вика - носете ја со гордост. Заработена ви е.

7 септември 2021 - 17:06