Досега се гледа дека Кери обезбедува некаков шик-Њујоркер стил, според Јаху, Миранда строги панталони и Шарлот - дневни фустани. Фали уште Саманта со power suits, ама тоа, веќе видовме дека нема да го добиеме.
Иако најризична во групата кога се работи за мода, Кери сѐ уште се држи до штикли до небо и омилената Фенди Багет ташна. И очигледно ќе добиеме и други парчиња од оригиналната серија, затоа што модните нердови веќе ги запишуваат, а дури и зависници од мода знаат колку е корисно да се рециклира облеката.
Едно од првите парчиња што беа забележани со камбек е широкиот, црн кожен каиш со нитни на Кери, од Streets Ahead. Во новaта серија ќе го носи со Каролина Херера кошула-фустан. И уште една комбинација вклучува „стари“ аксесоари - сините Маноло Бланик штикли од првиот филм и џиновскиот брош што во трета сезона го носеше со бунда.
Има дури и суптилни референци на некои претходни стилови како на пример една шапка со пердуви што асоцира на птицата што ја имаше боцнато во коса за свадбата со Мистер Биг.
Ова се умни финти за ликот да изгледа автентичен и реален, затоа што сите имаме делови од плакар од кои не се откажуваме.