Ким Катрал и пред 20 години ја одбила Саманта Џонс

Во едно нејзино гостување во емисија, неизбежно се наметнува и ликот Саманта Џонс, кој Катрал го дискутира низ призма на претходните претседателски избори во Америка каде што изгуби Хилари Клинтон.

Интересно е што нејзиниот заклучок е дека Саманта не би можела да постои во реалниот свет, туку само на филм, со оглед на тоа што е ослободен дух и незауздана сексуална енергија.

„На некој начин е Афродита,“ вели Катрал.

И самата дискусија повлекува еден непријатен детаљ, кога ќе забележи дека светот не би дозволил да постои човек и карактер како Саманта - исто како што во тој момент „сите сакат Хилари едноставно да заќути.“

Околу причините за одбивањето на трет филм - тука.

Околу најновиот развој на настаните со reboot на серијата без (или со друга) Саманта - тука.

И, за сите што мислат дека „Сексот и градот“ е површно нереално женско ѓубре - тука.

22 јануари 2021 - 13:35