Оживувањето на „Сексот и градот“ ќе го помогне и небинарен лик

Откако најавија дека екипата ќе биде збогатена со нови ликови и ќе се прошири друштвото на Кери, Миранда и Шарлот, продуцентите се пофалија со првите детали на оваа тема - ќе има небинарен, стендап комичар во сите 10 епизоди.

Ќе ја игра Сара Рамирез од Грејс Анатоми, а нејзиниот лик, Че Диаз, е бучно, но добродрушно присуство, што ги користи заменките тие/нив, и има подкаст, каде што редовно се појавува Кери.

Како што веќе пишавме, во продолжението со наслов And Just Like That… нема да се појави Ким Катрал како Саманта. Сара Џесика Паркер во интервју за Венити Фер сподели дека Миранда и Шарлот се сега мајки на тинејџери и дека серијата ќе ја опфати и пандемијата и начинот на кој негледањето со луѓе може да влијае на односите со нив.

i-d.vice веќе предвидува: Кери ќе се мачи со укочувачка писателска блокада предизвикана од монотонијата на карантинот. Може да се случи и да не ги заработува апсолутно неверојатните 4 долари по збор заради буџетските кратења во нејзината индустрија, па мора да продава брендирана облека на интернет. Прогнозите се дека „Миранда има симнато апликација за лични контакти“, што не знаеме како и зошто, кога на крајот на вториот дел се смири со Стив. А Шарлот „пече колачи од банана за антиваксерски протест.“

Ликот на Сара Рамирез е првиот од трите нови ликови во боја што ги најавија кога ветија дека серијата ќе има повеќе диверзитет за да го отслика Њујорк во денешно време. Можно е да се врати и Џенифер Хадсон, „Луис од Сент Луис“, асистентката на Кери.

Продукцијата почнува летово и можеме да очекуваме премиера кон крајот на годинава, или почетокот на 2022. 

Само да не се оптеретат до онесвестување дека имаат токенизирани ликови и да се држат до приказната, па може ќе биде фино за гледање. 


Види и: За сите што мислат дека „Сексот и градот“ е површно, нереално женско ѓубре

26 мај 2021 - 11:36