Мислења

Дали е можно да бидеш муслиман и демократ?

Прашањето што го поставува турскиот професор по социологија Емре Конгар, во Џумхуриет е: Дали луѓето кои практикуваат Ислам исто така можат да веруваат и во идеалите за секуларизам и демократија?

Русија ја има најдосадната изборна сезона во 2016

Прегледот на вести од светот изминатиов период не ни наговестува дека во Русија на 18 септември ќе се одржи гласање на кое народот ќе избира нов парламент. Според Леонид Бершидски, не ни има зошто кој било да се возбудува околу руските парламентарни избори.

Европејка од втор ред за светот по брегзит

За оние од нас кои израснаа зад Железната завеса со соништа да имаат вистински џинс, гласањето во Британија остава чувство на лично отфрлање.

Елитата против брегзит

Дамиен Хирст пред британскиот референдум дизајнираше проевропски плакати, Ричард Докинс објаснуваше зошто на народот не треба да му се даде да гласа, речиси сите културњаци го промовираа останувањето во Унијата... Но никој меѓу нив не прозбори за сопствената привилегирана позиција ниту за општествената провалија која ги дели од "игнорантските маси."

Што ќе прави полуразвиена држава како Србија во ЕУ?

Европската Унија првенствено е рај за неизбрани бирократи и шанса за банкари и шпекуланти. Јасно е дека полуразвиена земја како Србија таму нема што да бара.

Имаш лажговци, и ги имаш Борис Џонсон и Мајкл Гоув

Лидерите на брегзит немаа друг план освен искористување на популистичките стравови и напаѓање на експертите што ги обезвреднуваа нивните позиции, пишува Ник Коен за Гардијан.

Брекстремно незавидната позиција на Борис Џонсон

Популарниот Борис Џонсон беше еден од најзаслужните луѓе за Брегзит и би требало да слави. Но, по едно интересно сценарио по кое тој во ниеден случај нема причини за радост. И тоа на Џонсон му е јасно.

Англичаните го изгубија правото да ги рачунаат Америте за глупи

Еден ден опуштеност и невнимание и луѓето од островот добороволно се откажаа од својот омилен национален спорт, пишува Енди Боровиц во Њујоркер.

Поглед од Германија - Британија веќе не е кул

Целиот британски гламур исчезна. Вестминстер премногу играше на лажната анти-ЕУ карта. А со резултатот од ЕУ референдумот сега е кристално јасно: се претерало со играта.

Кога за Брегзит би се пишувало како за Блискиот исток (читај: Балканот)

Што ако колумнистите пишуваа за Британија на истиот начин на којшто тоа го прават за стандардните светски жаришта? Вековни етнички конфликти, класна нетрпеливост, идни граници, војници на ООН, сè по ред.

Брегзит е лоша идеја, ама исто и ЕУ

Во 2002-ра бев на постдипломски кога првите евро банкноти и монети беа пуштени во оптек. Моите колеги и јас бевме во неверување дека ова стварно се случува. Беше очигледно дека овие 12 држави ја немаа формирано оптималната зона за заедничка валута, на која и недостасуваа институции неопходни за таа да профункционира.

Како се промени Турција

Пред пет години сите зборуваа за "турскиот модел". Западот и муслиманскиот свет ја сметаат Турција за сјаен пример за спој на Ислам и демократија. Реџеп Таип Ердоган, тогашниот премиер, а сегашен претседател на републиката, го фалеа како реформист кој создава послободна, побогата и помирна Турција.

Предводење, а не напуштање на Европа

Може ли Обединетото кралство некогаш да се помири дека е дел од Европа? Ако неодамнешните насловни во весниците околу референдумот од 23-ти јуни за членството во Европската Унија се каква било водилка, тогаш одговорот е одлучно "не".

Крајот на Европа

Во 1995, почнав да пишувам роман со наслов Крајот на Европа. Требаше да биде сатира, сместена во блиската иднина, околу тајниот британски план за повлекување од ЕУ (и еврозоната - еден од моите ликови беше финансиер налик Џорџ Сорос кој успева да ја внесе фунтата во единствената валута). Климаксот беше сцената со церемонијалното затворање на тунелот под Ла Манш, со што Британија се изолираше од континентот.

Мигрантско чудо?

Откако Европа ќе ги вдоми мигрантите, тие се на ред да го завршат својот дел од "договорот" и да ја подобрат демографијата и работната сила на континентот, што за возврат би ја спасило европската "социјална држава". Проблемот е што нема основа да се верува во ова.

Демократијата е изживеана работа

Грешката е што успехот на Трамп (и слични на него) се третира како сигнал за враќање на фашизмот во политиката, наместо да се признае дека веќе неколку децении во развиениот свет има замореност од демократијата.

Тајната на опстанокот на Путин

Руското анектирање на Крим пред две години беше кулминација на долгиот процес на растечка авторитарност и изолационизам под претседателот Владимир Путин. Додека најголемиот дел од меѓународната заедница го осудуваше овој потег, Русите го поздравија.

Хирошима, бомбата што не ја заврши Втората светска војна

Посетата на Обама на Хирошима во петокот ја разгоре јавната дебата околу американското фрлање на атомска бомба врз Јапонија - која на големо беше потисната откако Смитсониан во 1995-та одлучи да ја затвори изложбата на Енола Геј.

Како го загубивме Западот

Неодамнешниот политички дискурс на двете страни на Атлантикот покрена вознемирувачко прашање кое станува се потешко да се избегне: Дали САД и Европа ги напуштаат политиките на отвореност кои историски го поттикнуваа нивниот економски успех?

Во одбрана на Данска

Кога Данска го озакони конфискувањето на личниот имот на азилантите неизбежно се активираа сите можни споредби со Третиот Рајх, што во комбинација со рекламите кои владата ги објави во либанските весници ја залепи Данска на европскиот ѕид на срамот. Неколку месеци подоцна, сето ова почна да изгледа крајно разумно.

Германија е многу, многу уморна

Сите проблеми на Европа - приливот на сириски бегалци, евро кризата, воинственоста на Владимир Путин, анемичниот раст на евро зоната, се поголемата склоност на Источна Европа кон национализам, Брегзит - продолжуваат да завршуваат во скутот на Ангела Меркел.

Тајната на успехот

Талентот е само 10% од успехот. Сè останато е кирија, струја, брашно, шеќер, зејтин.... -од омотот на плочата на групата Булдожер.

Европа се продаде

На 18-ти март Унијата и Турција потпишаа договор за ограничување на дотокот на мигранти од Турција во Грција. За ова Турција, меѓу другото, ќе добие милијарди евра од ЕУ, а за возврат последните извештаи покажуваат дека бројот на нови мигранти во Грција е намален за 90%. За Ги Верхофстат, поранешниот премиер на Белгија, договорот не е победа за ЕУ.

Фашисти и реформисти

Впрочем, вреди да се земе предвид и ненамерниот заклучок на хрватската влада: единствен начин да ја спасиш затапената избирачка маса е да ги изневериш нејзините очекувања.