Иако се обиде да се коригира себе си, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е запишан како ги кажува овие едноставни зборови: "Ние влеговме во Сирија да ставиме крај на владеењето на Асад, и ништо повеќе". Дозволете ми да ве потсетам дека збор на претседател, премиер или министер за надворешни работи, е обврзувачки за државата под меѓународниот закон. Јасно е дека луѓе во таква позиција секој ден во огледало можат да си го повторуваат ова просто правило додека се бричат. Тие често пати се збунети околу разликата меѓу популистички говор на плоштад во мал град и водење на држава.
Турција, заедно со Русија и Ирак, неделава во Москва објавија дека нивна цел не е да се бара промена на режимот во Сирија, по сите овие години што Анкара ги мина во зуејќи "Асад ова, Асад она"... Според еден странски аналитичар ова е "јавно понижување што ретко кога може да се види". Навистина ретко се случува држава толку брзо да ја смени својата позиција во надворешната политика. А што е со изјавата на министерот за одбрана Фикри Исик? "Во тек е многу успешна операција за чистење на Алепо од милитанти". Како тој да ќе се приклучи на армијата на Асад за да маршира под заштитата на руските авиони.
Оние што ја следат партијата на Ердоган на социјалните медиуми го жалеа Алепо само пред еден ден, провладините медиуми го оплакуваа Алепо, постери во кои Путин беше опишан како убиец висеа на прозорците на државните училишта во Анкара... и одеднаш владата вети сојузништво со Русија. Исламистичките гласачи на владата се збунети. Тие повторно беа напуштени кога владата се откажа од Мави Мармара (бродот со кој турски активисти се обидоа да ја пробијат израелската блокада на Газа) затоа што се помири со Израел. А го погазија и ветувањето дека наскоро турските верници ќе се молат во Емеви џамијата во Дамаск.
Улогата по која партијата на Ердоган чезнее уште од почетокот на Арапската пролет повеќе не постои. Се променија и сценаристот и режисерот на филмот. Затоа и кастингот сега е многу поинаков. По нејзината пасивна улога за време на Студената војна, Турција повторно требаше да биде влијателна во својот регион, и пошироко. Турскиот премиер своевремено изјави "Ниту лист нема да мрдне во Блискиот Исток без Анкара да чуе за тоа или да одговори..." Да? Старата Турција на секуларната елита повеќе не постои; Турција сега е управувана од други. Точно? Ова беше "одлука која доаѓа од чисто небо" како во поемата што Ердоган ја читаше на глас.
Луѓето велеа дека сè ова се лаги, предупредуваа дека отворањето граници и замижувањето пред џихадистите ќе има сериозни последици; надворешната политика, како што забележаа другите, не е терен на кој можеме да ги одиграме нашите адолесцентни исламистички фантазии. Меѓутоа овие критичари беа обележани како "предавници". Сега, ти си во Москва, до Путин, фалејќи ја операцијата на Асад во Алепо. Ние не заслужуваме да бидеме владеени од толку недоволни, неспособни и бескрупулозни политики. Зборувајќи за постојаните членки на Советот за безбедност на О.Н. ти еднаш изјави: "Светот е поголем од петмина". Ова е точно. И Турција е поголема од тебе. Не мора никаде да бегаш. Прво, мора да го расчистиш кршот што го предизвика.