Судејќи по бројот на случувања, проекти, политички партии и инцијативи на граѓанското општество насочени против бугарското социјалистичко минато изгледа како што повеќе се оддалечуваме од 1989 година, така се повеќе расте и ургентноста на "декомунизацијата". Различните сегменти на владејачката елита во Бугарија периодично и со обновен ентузијазам преземаат напори за ослободување на Бугарија од траги од комунизмот. Градот Варна неодамна направи одлучен чекор кон десталинизација на градот (кој од 1949 до 1956 се викаше "Сталин") со свечено одземање на статусот на почесен граѓанин на советскиот лидер кој е умрен пред 60 години.
Помалку забавен пример беше носењето амандман во ноември годинава на законот кој ја осудува "криминалната природа на комунизмот". Законот изворно е предложен од Георги Панев, член на една од помалите либерални партии, а во парламентот е изгласан на 26 април 2000 година. Се работи за документ составен од вкупно четири членови кој имаше исклучиво декларативно значење, односно од неговата имплементација не следеа никакви конкретни последици. Во времето кога е донесен, овој закон беше предмет на критика заради неговата недоволна радикалност, исклучување на задолжителна лустрација и.тн. За момент да се воздржиме од исмејување на евидентната апсурдност на законот и да ја разгледаме неговата содржина.
Првиот член тврди дека "Водачите на Комунистичката партија на Бугарија се одговорни за намерно и планско уништување на традиционалните вредности на европската цивилизација". Ставот седум од истиот член ја смета Партијата одговорна за "уништување на моралните вредности на народот". Со други зборови се работи за фигура на зла Партија која работи против народот, а се смета за одговорна и за "систематско уништување на природата" (став 10). Член три тврди дека комунистичкиот режим и Комунистичката партија се "криминални". Член четири ја рехабилитира борбата на "сите" кои некогаш се бореле против комунизмот како "праведна, морално оправдана и вредна за пофалба" (ова очигледно ги вклучува и фашистите).
...
Неодамна изгласаниот амандман на овој закон сега наметнува и материјални, а не само симболични, последици. Нацрт амандманот е предложен од претставникот на тогаш владејачката ГЕРБ (Граѓани за европски развој на Бугарија) Методиј Андреев и тројца парламентарци од либералниот Реформски блок. Тој е насочен првично кон комунистичките симболи, но тие симболи можат да се најдат насекаде по бугарските села и градови. Оние кои нема да ги отстранат спорните симболи од својот имот, или граѓани кои ќе бидат фатени како на пример носат маица со ликот на Че Гевара, може да платат 100 евра казна, односно 1.000 евра ако се работи за правни лица. Со тоа се отвора простор и за отстранување на спомениците од јавните простори и нивно преселување во музеи. Оние симболи кои ќе бидат преголеми за селење во музеи (на пример цели станбени блокови), ќе треба да бидат украсени со плоча која објаснува дека се работи за симболи на "криминален режим".
Остатокот од текстот на Жана Цонева, тука