Интернет

Може ли Фејсбук да биде суден за злосторства против човештвото?

Како што со ред низ арапскиот свет паѓаа најразлични устоличени деспоти, Фејсбук беше величан како столб на демократијата, а Зукерберг за нејзиниот пророк. Откако истиот систем, од истиов човек, идентично се искористи за мешање во американската политика и исходот од нивните избори, фан базата на социјалната мрежа сврте на хејтање на истата, а Атлантик прашува: дали може Фејсбук да заврши на суд?

Рекламите што беа најгледани на Јутјуб во 2017

Рангирањето е компилација од тоа колку некоја реклама е гледана затоа што луѓе сакале да ја гледаат, колку пати била платена како реклама да биде пуштена пред некое видео и колку време луѓето имаат потрошено на нејзе.

Американците ја укинаа нет-неутралноста

Спакувано како „олеснување на строгите правила за нет-неутралност воведени во времето на Обама“ американската ФКК (Federal Communications Commission) со 3 гласа спрема 2 одлучи да ја укине досегашната рамноправност меѓу сите веб-страни и сервиси на интернет.

6-годишното дете што направи 11 милиони долари на Јутјуб

На достигнувањето од насловот му фали уште еден „орден“ а тоа дека сумата од 11 милиони долари е само за една година. Се вика Рајан и прави рецензии (си игра) со играчки на Јутјуб.

Гугл ќе ангажира 10.000 луѓе да чешлаат видеа на Јутјуб

Добра вест за сите што користат Јутјуб, е дека Гугл планира ангажирање армија луѓе за проверка и модерирање на содржината на видеата што се објавуваат на нивната платформа. Лоша вест за 10.000 вработените во Гугл е дека не планира да вработи нови луѓе туку да ангажира дел од веќе вработените.

Нет-неутралноста е во наша корист и на наша штета

Битката за нет-неутралност со речиси сезонска редовност се повтори и годинава, само за разлика од минатите години 2017 најверојатно ќе заврши со пораз и нејзино укинување, по што речиси е фикс дека ќе следува целиот кошмар на кој сите овие години се предупредува. И тоа е страшно само под услов ако мислиш дека моментално интернетот не е кошмар и дека нет-неутралноста некако те заштитува како корисник.

Пара на пара оди, и тоа ти е

Браќата Винкелвос се двајца баксузи на кои Марк Зукерберг во основа им ја краде идејата за Фејсбук. Исто така, од пред некој ден тие се и првите биткоин милијардери во светот, и тоа баш со парите што ги ќарија од Зукерберг.

Маркетингот го бојкотира Јутјуб

За да ја менаџира штетатат откако глобални адвертајзинг тешкаши од рангот на Адидас и Дојче Банк ги повлекоа своите реклами од Јутјуб, видео платформата на Гугл почна масовно да брише акаунти, видеа и коментари.

Британија забрани лешперски фори за рекламирање интернет брзини

Британските власти одлучија дека интернет провајдерите повеќе нема да може да ја рекламираат брзината на нивниот интернет врз основа на брзината што ја добива само мал дел од нивните корисници. И нема веќе „брзина до“.

Борбата за нет-неутралност е рекет

Како во безидејно холивудско продолжение американската Федерална комисија за комуникации по неколку порази и откажување од намерата повторно се издигна како негативец кој смогна сили за да и пресуди на нет неутралноста, која неколку пати до сега беше бранета „еднаш и засекогаш“.

Ви-фи ананас, или зошто никогаш не треба да се закачуваш на јавно ви-фи

Во својата најевтина варијанта ви-фи ананасот чини 99 долари (во најскапата 299 долари), и му овозможува на секого да краде податоци од луѓе што се закачени на јавни ви-фи мрежи (кафулиња, ресторани, аеродроми и слично) без да има каков било физички пристап до рутерот.

Експериментот на Фејсбук со лажни вести не успеа

Во обид на кој упадливи му се само слабите страни, Фејсбук сакаше да го реши проблемот со лажни вести така што под секој пост први ќе ги реди коментарите што во себе ја содржат фразата „fake news“.

Проверувачи на факти на Фејсбук, како тоа пи-ар звучи

По година и кусур пумпање на приказната Хилари изгуби заради неспособноста на Фејсбук да се справи со ботови и неброени патувања на американски новинари до Велес само за да се вратат со истата сторија (пост-комунизам, млади деца, сиромашни родители...), при последниот масакр во САД сите анти-бот / њуз механизми воведени од Фејсбук во овој период дозволија за кратко време мрежата да биде преплавена од лажни вести, кои тврдеа дека убиецот е од крајно левичарска организација. Од нив само еден пост беше споделен над 260.000 пати.

Ние сме од Фејсбук, тука сме да погледнеме

На времето еден од тестовите за откривање гуштери (и интелигенција) на интернет беше: прати ми го бројот на кредитната картичка, да го проверам да не ти го има некој украдено. Сега Фејсбук сака да те заштити од тоа некој бивш да не објави гола фотка од тебе на Фејсбук, така што ти на Фејсбук доброволно ќе им пуштиш угол гола фотка од себе. Им треба за мустра.

Како Фејсбук ги дознава сите луѓе што некогаш си ги сретнал?

Во анегдоталните примери за тоа кој сè им се има појавено на луѓе во „People You May Know“ на Фејсбук, има жена која на 6-години била напуштена од својот татко за 40 години подоцна Фејсбук да и ја понуди неговата актуелна девојка како пријател, адвокат на кој како пријател му е понуден еден од противничките адвокати со кој комуницираат само преку службен меил, и таен донатор на сперма на кого Фејсбук му го нуди детето како некој што би требало да го познава.

Ај да видиме по колку пати можете да платите казна од 50 милиони евра

Со децении Германија има јасни закони кои забрануваа клеветење, поттикнување насилство, и фрази и симболи од нацистичко доба. Сето ова стана потешко да се следи и контролира со појавата на социјалните мрежи, се додека Германија не одлучи да си помогне сама на себе.

Твитер забрани РТ и Спутник да купуваат реклами на социјалната мрежа

Забраната е објавена денес, важи одма и вклучува прекинување и на актуелните реклами што двете новински мрежи ги имаат на Твитер. Одлуката за блокирање на медиумите се базира на анализите на компанијата и заклучоците на американските тајни служби за мешањето на РТ и Спутник во американските избори.

Американскиот Врховен суд ќе решава дали САД ќе може да шпионираат низ цел свет

Случајот за кој треба да одлучува судот е „САД против Микрософт“ и уште од сега се смета за клучниот случај за иднината на интернет приватноста.

Изумителот на „Лајк“ си става забрани за интернет

Паметни дечки од Гугл, Фејсбук и Твитер, и тоа од оние кои лично имаат придонесено во нивната популарност, почнуваат да се пишманат од сето тоа заради зависноста која ја предизвикуваат тие платформи. За почеток, треба да знаете добар дел од нив веќе не се „социјално вмрежени“ а децата ги праќаат во елитни школи во кои е забрането да се дојде со смартфон.

Па ако не, да не даваме пари за реклами?

Терајќи по веќе утврдената што е постаро Русинот или заверата, во најновата епизода изненадени и навредени Американци драмата се одвива околу тоа што рускиот РТ се рекламирал Твитер.

Твитер потврди дека никогаш нема да го блокира Трамп

Дали затоа што во секој момент може да твитне нешто што ќе заврши со смрт на десетици илјади луѓе, дали затоа што редовно игра по живци на јавноста со гранично расистички твитови или затоа што народ не сака да си легнува во паника од тоа што ќе твитне американскиот претседател во 4 и 20 сабајле, очекувањата на јавноста се дека Твитер ќе ја блокира и затвори сметката на Трамп. Е па, нема.

На ЕУ ѝ се кратки нозете

По барање на Европската комисија и по цена од 360.000 евра изработена е студија за тоа како пиратеријата е штетна за продажбата на музика, книги, видео игри и филмови. Резултат: ЕУ никогаш не ја објави студијата.

Шпанија го сотре Фејсбук. Не.

Заради недозволено собирање лични информации како пол и религија на милиони шпански корисници, Фејсбук ќе треба да и исплати на Шпанија казна од 1,2 милиони евра. (Сумата не е грешка).

Дали би дал/а 15.000 долари за да имаш верификуван Инстаграм профил?

Сумата не е од официјален ценовник на Инстаграм, каде услугата е бесплатна, туку е крајната граница за тоа колку наплаќаат луѓе што можат да ти помогнат преку ред да стигнеш до синото знакче до твоето име.