Заштитата важи за жени, бидејќи досегашното искуство покажало дека само мажите се бафтаат со „одмаздничко порно“, односно објавување голи фотографии од своите поранешни партнерки како начин да им наштетат на истите или да се пофалат.
Процедурата што ја предлага компанијата е девојките преку Месинџер на Фејсбук да му аплоудираат голи фотографии од себе. Истите фотографии ќе бидат додадени во софтверот за вештачка интелигенција на социјалната мрежа, за тој да може автоматски да ги препознава девојките кога некој ќе се обиде да качи гола фотографија од нив.
Пилот програмата која се спроведува во Австралија, предвидува комплетирање на он-лајн формулар за безбедност на сајтот на австралискиот Комесар за е-безбедност. Потоа на Месинџер ја испраќаш фотографијата за која стравуваш дека може да биде објавена.
По ова од канцеларијата на Комесарот го известуваат Фејсбук дека има нов поднесок, при што тие немаат пристап до фотографијата. „Специјално обучени“ луѓе на Фејсбук ја земаат и ја преработуваат фотографијата, создавајќи „човечки неразбирлив, нумерички отпечаток од истата“. Овој отпечаток се зачувува во архивите на Фејсбук, а „подносителката“ добива меил да ја избрише фотографијата од Месинџер.
Од Фејсбук тврдат дека не ги складираат фотографиите, и дека откако жртвата ќе ги избрише фотографиите од Месинџер, тие веднаш ги бришат истите од своите сервери.
На страна што едни најпаметните луѓе на светот дошле до план кој наликува на најтинејџерска шема, проблемот е и што ова може да биде крајно непријатно за девојка која како жртва на одмаздничко порно, сега треба повторно да аплоудира сопствени приватни фотографии на Фејсбук, како и тоа дека претпоставува дека жртвата некаде ги има зачувано сите можни голишави и приватни фотографии од себе.