Правилата кои сега се укинати ги спречуваа интернет провајдерите да го блокираат или успоруваат сообраќајот до веб-страните, како и на истите веб-страни да им нудат „приоритетен пристап“ за одреден надоместок.
По ново, американските интернет провајдери можат која сакаат веб-страна да ја:
- блокираат
- успоруваат
и
- приоретизираат.
Доколку се решат на нешто од ова, за интернет провајдерите е задолжително истото јавно да го објават.
Во пракса ова значи дека на корисникот можат да му наплатат сума од (на пример) 10 долари месечно за интернет, па на тоа уште (на пример) 10 долари за Фејсбук да им се отвора брзо, и плус (пак на пример) уште 10 долари за да можеш да ги отвораш видеата што ти стигаат на сите видови месинџери што ги имаш.
На другата страна провајдерите можат да им наплаќаат „приоритетен пристап“ на самите веб-страни, според бендвитот што се троши од нивно сурфање, според бројот на корисниците кои ги имаат или која и да е основа што ќе биде смислена во бизнис одделите на интернет провајдерите.
Противниците на нет-неутралноста тврдат дека таа никогаш не ни била потребна на прво место, затоа што на интернетот му било добро и без нејзе и дека дури и кога таа беше жива и здрава, компании го блокираа пристапот до конкурентски апликации или им даваа предност на одредени сервиси во однос на други.
Уште една техникалија е дека со гласањето броудбенд интернетот беше прекласификуван од телекомуникации во информациски сервис, со што Федералната комисија за комуникации повеќе не е надлежна за директна регулација на интернет провајдерите. По ново јурисдикцијата се падна кај Федералната комисија за тргување.
Претходно на темава, тука