Твитер забрани РТ и Спутник да купуваат реклами на социјалната мрежа

Забраната е објавена денес, важи одма и вклучува прекинување и на актуелните реклами што двете новински мрежи ги имаат на Твитер. Одлуката за блокирање на медиумите се базира на анализите на компанијата и заклучоците на американските тајни служби за мешањето на РТ и Спутник во американските избори.

Во објавувањето на забраната за рекламирање за двата руски медиума, Твитер наведува дека РТ и Спутник со поддршка од државата спровеле руски обид за мешање и попречување на изборите, што „не е нешто кое ние го посакуваме на Твитер.“

Според изјавата, РТ и Спутник ќе можат да ги задржат своите сметки на Твитер, само без право да се рекламираат и да спонзорираат (промовираат) твитови.

Од компанијата пресметале дека РТ од 2011 има потрошено вкупно 1,9 милион долари на рекламирање на Твитер, и овие пари ќе ги донираат на поддршка на надворешни студии за тоа како Твитер подобро да биде искористен за граѓански активизам и избори.

Промената на политиката за рекламирање на Твитер се случува само една недела пред претставниците на компанијата да треба да сведочат пред Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат.

На истото сведочење ќе присуствуваат и претставници на Фејсбук и Гугл. Секој од нив поединечно ќе треба да објасни како Русите ја имаат искористено нивната платформа за ширење дезинформации и пропаганда за изборите 2016.

Во речиси инстантен одговор РТ ја објави презентацијата со која претставниците на Твитер во 2016 на состаноци со Русите ја убедуваат новинската мрежа да потроши што е можно повеќе пари на рекламирање за време на претседателските избори во САД:

 

26 октомври 2017 - 17:56