Свет

Њујорк ги враќа невакцинираните на работа

Американски судија му нареди на Њујорк да ги врати работниците кои добија отказ поради непочитување на задолжителната вакцинација за сите вработени во градските служби.  Не само што ќе се вратат на работа, отпуштените ќе ги добијат и платите кои им се должат.

Бајден му служи за мајтап на Мухамед бин Салман

Непишан пакт ги држеше заедно САД и Саудиска Арабија низ 15 претседатели, седум кралеви, две Заливски војни и 11 септември. И тогаш Мухамед бин Салман реши да покаже сила и уби новинар, а Бајден имаше претседателски избори па го осуди ова.

Варуфакис удри по Шолц и германската економија

Да не паничиме, ама Варуфакис е загрижен и за тоа што Германија своеволно почна да субвенционира по дома и поради контроверзните планови на Шолц на Кинези да им отстапи дел од пристаништето во Хамбург.

Војна на дронови

Белата куќа е згрозена од новата тактика на Русија со евтини дронови да ја деградира инфраструктурата на Украина и нејзините енергетски капацитети. Се чинат изненадени од ова сценарио, иако на сите им е јасно дека тој филм одамна имаше премиери во Белград и Ирак. 

Американската легија на странци

Бројни американски генерали, адмирали и високи функционери по пензионирањето завршиле на платен список на најразлични влади низ светот од Саудијци до Јапонци, продолжувајќи да ја работат својата професија, со дозвола од државата, за далеку повеќе пари.

Казната за Алекс Џоунс може да стигне до 2.750 милијарди долари

Згора на речиси 1 милијарда долари што Алекс Џоунс треба да ги плати на семејствата на загинатите во масакрот во Сенди Хук, сега истите овие семејства побараа Џоунс дополнително да биде казнет за уште 2.750 милијарди долари.

„Милијардерот со вилата“ и „идиотот“

Каспаров доби шанса да излезе на американски медиуми каде првично му се ссна на неименуван милијардер „кој седи во својата вила во Силициумската долина и и' кажува на Украина што треба да прави, и тоа е морална идиотштина и геополитичко слепило“.

Демократите се брзаат да и обезбедат 50 милијарди долари на Украина

Заради реалниот страв дека републиканците ќе ја вратат контролата над Претставничкиот дом на Конгресот, во тек е масовна операција на демократите за пакување и изгласување на 50 милијарди долари тешкиот пакет за помош на Украина.

75 години по напуштањето на Индија, Британија доби премиер Индиец

Откако Борис Џонсон објави дека се повлекува од трката за премиерското место (и покрај тоа што имаше поддршка од 102 пратеника), а претседателката на Долниот дом се откажа од трката, поранешниот министер за финансии на Британија, Риши Сунак, неофицијално е следниот премиер на Британија.

За 44 дена мандат, Лиз Трас доживотно ќе добива по 115.000 фунти

Со 6-неделната кариера како премиерка на Британија, Лиз Трас целосно се квалификува за доживотно издржување од државата во износ од 115.000 фунти годишно.

Кинеско добредојде за Саудиска Арабија во БРИКС

Кинеското министерство за надворешни работи даде поддрша за проширување на БРИКС (алијанса на Бразил, Русијa, Индија и Јужна Африка) откако Кралството Саудиска Арабија изрази желба за придружување на оваа сè повлијателна групација. Иран и Алжир се на пат да се приклучат.

Ред се реди за ирански дронови

Највисоки ирански воени извори споделуваат (и се фалат) дека 22 држави од целиот свет веќе имаат испратено барање до нив за купување на ирански воени дронови. Меѓу нив и некои наши комшии.

Американската нуклеарна енергија има руски проблем

Компаниите од САД што развиваат и градат следна генерација на мали нуклеарни централи, кои се дел од планот за намалување на загадувањето, заглавија на досега најголемиот проблем во проектот: само една компанија на светот го продава нуклеарното гориво што им треба и таа е руска.

Белата куќа прави сè што можe за да не се сретнат Бајден и Путин

Доколку се појави таму, самитот на Г20 во Индонезија ќе биде првото излегување на Путин од Русија (и екс-СССР) од почетокот на војната, и на страна агендите, главна преокупација на луѓето на Бајден е по никоја цена нивниот претседател да не се сретне со рускиот, ниту да се размине.

Колатералната штета од начинот на кој се боревме против пандемијата

Бројките се такви какви што се, но една од поважните пораки што Бил Маер сака да ја пренесе е дека колатералната штета не е од пандемијата, туку од начинот на кој ние се справивме со пандемијата, бидејќи тие протоколи не се напишани во камен.

Конзервативците би да го враќаат Борис Џонсон

Како што новата британска премиерка не знае дал попрво да ја спасува својата политичка кариера или општо Британија и британската економија, така нејзините сопартијци почнаа со петиција за воскреснување на Борис Џонсон како премиер.

Нов план, цела Европа на украински гас

Америка да буши и да гради, а Европа да плаќа за гас е проектот кој во моментот Украина сака да го истурка со западните сојузници, како сите би се ослободиле од зависност од рускиот гас.

Илон Маск ќе продолжи да плаќа за Старлинк

Во твит кој наликува како повеќе да му е криво што другите компании заработуваат милијарди од помошта за Украина, а тој уште ги плаќа сметките за Старлинк, Илон Маск објави дека интернет сервисот сепак ќе продолжи да функционира во Украина, на негова сметка.

Што и треба на Украина за да ја добие војната против Русија

Од 84-те руски ракети испукани кон Украина, според украинското министерство за одбрана, повеќе од половина се соборени. И по нивни бројки тоа пак остава над 40 ракети кои ја погодиле својата цел.

На Украина и заврши гага користењето на Старлинк?

Сака Пентагон, сака Украина да плати, ама Спејсикс веќе нема да го покрива трошокот за користење на Старлинк интернет сервисот во Украина и испораката на нови терминали, покажуваат документи испратени од Спејсикс до Пентагон.

На Украина и е доста од тенкови и топови, сега и требаат Ф-15ки и Ф-16ки

Како што рушењето на кримскиот мост го смени начинот на војување на Русија, така руското бомбардирање на цела Украина го смени начинот на војување и воените потреби на Киев, кои сега гласат: борбени авиони и против-воздушна одбрана.

Путин и МБС ни се смеат

Путин се прејде за некои работи во Украина. Но, Саудиците веќе се качија на возот. Зелените прогресивци немаат слух за Европа. Сандерс, прогресивните демократи, црвените од САД - се здружија контра строгиот пропис за издавање дозволи за проекти од областа на енергетиката. А Бајден не сака да чуе. Со коментаторски жаргон, „останува да видиме“.

19-годишна девојка се премисли за тоа што го рекла пред 3 месеца

Кога во јули (последен пат) одлучно ја нападна одлуката нуклеарната енергија да се смета за „одржлива“, математиката на Грета Тунберг уште се водеше по летните температури и старата енергетска реалност на европскиот континент.

Шојгу, Медведев, Суровкин на листата на најбарани криминалци во Украина

Безбедносната служба на Украина, СБУ, го објави список со сите криминалци што ги бара по основа на започнување на војната и уништување на украинската држава. И на него ја има речиси цела постава на Кремљ.