Наместо нови модели на тенкови и оклопни возила за украинската армија, Германија повторно реши да ја третира Украина како еден масовен отпад во кој завршува старата железарија што не би можела да се потроши ако нема војна.
Бидејќи не планираше да се најде во ваква криза во каква што е, Бајден јавно се изнакажа (и со повторување) секакви работи за саудискиот престолонаследник. Сега Бајден е во толкав зорт што веројатно ќе оди во Ријад за да се види со истиот овој престолонаследник.
Људмила Денисова, жената позната по тврдења од типот „во Буча Русите силуваа 11-годишно момче пред очите на својата мајка која беше врзана за стол и присилена да гледа“ е сменета од украинскиот парламент затоа што нејзините изјави се неосновани и повеќе и штетат на кредибилноста на Украина отколку што и помагаат.
Во првичните вести од масакрот беше објавено дека припадник на Граничната полиција упаднал во училиштето во Увалде го елиминирал убиецот и ги спасил сопругата и ќерката кои биле таму. Излезе дека само половина од ова сторија е точна, што не ја прави ништо помалку јуначка.
Веќе три месеци цел Запад инсистира дека војната во Украина може да заврши само со победа за Украина, тоа што не им е толку строго дефинирано е што точно е „победа“.
Украинките кои некако завршиле во Јапонија како бегалки од војната треба да се воздржат од работење како хостеси и слични професии во естаблишменти за возрасни, бидејќи таквата дејност не им е дозволена со визата што ја имаат.
Речиси два месеца Германија нема испратено никакво позначително оружје во Украина, а во исто време Полска обвинува и дека им ги немаат испорачано и Леопард тенковите кои требаа да ги заменат тенковите што тие и ги пуштија на Украина.
Хенри Кисинџер пред некое време порача дека за крај на војната Украина ќе мора да прифати отстапување територија на Русија. Заради ова доби обвиненија за: учество во информативната спец-операција на Русија против Украина, ширење на наративот на руско-фашистичката пропаганда и уценување и соучесник во руските злосторства против Украина и нејзините граѓани.
На интернет за прв пат протече аудио снимка од состанок на високи кинески воени функционери кои го разговараат планот за напад на Тајван или како што тие го водат „транзиција од нормално кон војна“.
Пукањето во основното училиште во Увалде почнува околу 11:30, а завршува нешто пред 13 часот. Најголемиот дел од жртвите на 18-годишниот убиец се 10-годишни четвртоодделенци кои едноставно се погодиле да се во училницата во која тој се барикадира.
По посетата на грчкиот премиер на Вашингтон и кодошењето на Турците, турскиот претседател Ердоган ќе каже „во мојот тефтер повеќе нема човек по име Мицотакис“.
Британски град реши да стави забрана за користење за сите видови скара затоа што скарата работи на запален ќумур и дрва што пак придонесува кон зголеменото загадување на планетата.
Изминативе месеци станува јасно дека голем број европски држави повеќе гледаат како да се заврши војната отколку кој ќе победи, а поголемите пазат и на тоа како соодносот на силите во ЕУ да се задржи како од времето пред војната.
Британската кралска морнарица е подготвена, како дел од коалиција, да испрати воени бродови во Црното море за да ја разбие руската поморска блокада на извозот на украинско жито и да обезбеди „заштитен коридор“ од Одеса до Босфор.
Сенатот го изгласа итниот пакет за помош на Украина од 40 милијарди долари, меѓутоа отпорот што го дадоа некои републиканци покажува дека војната ја изгуби гарантираната меѓупартиска поддршка, пишува уредништвото на Њујорк тајмс.
Зрак надеж за спас од неконтролираната миграција во Британија даваат бегалските центри што земјата ги изнајмува во Руанда, кои се толку застрашувачко решение што фатените бегалци на островот молат да бидат вратени дома, наместо да бидат испратени во нив.
На хорските повици од Европа и Запад да се штеди струја заради енергетската криза генерално и украинската војна посебно, африканските лидери потсетуваат: „Блазе си ви, имате што да штедите“. Еве факт: еден просечен фрижидер во САД годишно троши повеќе од еден просечен човек во дузина земји во светот.
Поранешниот шеф на кампањата на Хилари Клинтон сведочеше дека таа лично ја одобрила идејата за доставување до медиуми материјали кои треба да бидат шлагворт за дискредитација на нејзиниот противкандидат Доналд Трамп со наводни руски врски. Во нејзиниот штаб не биле убедени дека е тоа добра идеја.
За сега сведено на пусти желби на индиски, конзервативни американски медиуми и шпекулации на кинеските социјални мрежи, без официјални изјави, муабетите за заминувањето на Ши Џинпинг почнаа се повеќе да се актуелизираат.
Новообјавени даночни пријави откриваат како ко-основачката на Блек Лајвс Метер со пари од фондацијата плаќала на пријатели и членови на семејството огромни суми за разни „консултантски“ и други услуги. Таткото на нејзиното дете добил речиси милион долари а брат ѝ бил компензиран со преку 800.000 долари.
Како што украинските власти јавно се тешеа дека заробениците од Азостал ќе ги ослободат преку размена за руски заробеници, така руската државна Дума иницираше спречување на каква било размена на нацистите од Азов баталјонот.
Свесни дека разбирачка со Ердоган околу Шведска и Финска нема да има, Си-ен-ен почна да нафрлува топки од типот исклучување на Турција од НАТО или нејзино игнорирање.