Свет

Првиот американски јуриш на Русија

Првиот напад на Западот врз Русија се случува на почетокот од 1990-те, пред воопшто да почне ширењето на НАТО, и тоа во форма на економска депресија поттикната од САД која беше подлабока и покатастрофална од Големата депресија што го разорува САД во 1930-те, пишува професорот Џон Волш.

5.000 војници ќе го чуваат Форумот во Давос

Швајцарската армија почна со распоредување на позициите во и околу Давос каде од 16-ти јануари ќе почне Светскиот економски форум. Годинава швајцарскиот парламент за оваа мисија го обнови одобрението за ангажирање 5.000 војници.

Мигранти: Исти Трамп, друго пакување

Се сеќавате кога американски политичари и славни фаци се преправаа дека душа ги боли заради нечовечкиот третман кон мигрантите од југот завреме на ерата на Трамп? Сега е штама по тоа прашање иако ситуацијата е иста, ако не и бетер. Да видите како изгледа Ел Пасо деновиве.

Болсонаро не го даваат

Илјадници симпатизери на Болсонаро и понатаму незадоволни од победата на Лула и почетокот на неговиот мандат на 1-ви јануари, упаднаа во претседателската резиденција во Бразилија со намера да го соборат бразилскиот претседател.

Нешто како правда

Пијан возач кој во САД уби двајца родители и ги повреди нивните три деца, освен стандардната казна затвор, ќе треба да исплаќа и издржување на децата што ги остави сираци.

Нема многу есап во соборување евтини дронови со скапи ракети

Кога скапи ракети соборуваат евтини дронови, вистинскиот победник со тек на време може да е државата што помалку троши, пишува Њујорк тајмс.

На Пентагон не му се зборува за убиените цивили во Нигерија

Конгресот му даде рок од 90 дена на Пентагон да ги обелодени деталите и резултатите од истрагата нападот на бегалски камп во Нигерија во 2017-та година, во кој загинаа 160 цивили. Рокот помина пред две недели, Пентагон ни да зуцне.

Крајот на добата на санкциите

Со децении санкциите се омиленото дипломатско оружје на САД и тоа е прилично логично бидејќи тие го пополнуваат вакуумот меѓу празните дипломатски закани и смртоносната употреба на воена сила. И веројатно и на оваа алатка и е дојден крајот, пишува Форин Полиси.

Јапонија субвенционира иселување од Токио

Милион јени по дете за секое семејство што ќе го напушти Токио е дел од планот на јапонската влада за спас на остатокот од земјата од демографскиот крах кој е во тек.

Загина Кен Блок

Поранешниот професионален рели возач и актуелна најголема автомобилска ѕвезда на интернет, Кен Блок, загина во несреќа со моторна санка, соопшти неговиот тим Хуниган рејсинг.

Русија со ескадрон Сухој-35 ќе каже фала за иранските дронови

Техеран наскоро ќе добие пратка од цел ескадрон руски Сухои (Су-35) како дел од воената соработка меѓу двете држави, во која Иран првично и ги испорача на Русија камикази дроновите кои есенва беа клучни за руската стратегија во Украина.

Блекрок стана одговорен за инвестициите во Украина

Првиот човек на Украина и првиот човек на најголемиот инвестициски фонд во светот, Блекрок, се договорија овие вторите да ги преземат („координираат“) инвестициите во економијата и обновувањето на Украина.

Бајден не и верува на сопствената Тајна служба

Американскиот претседател не разговара сензитивни работи пред припадниците на Тајната служба што го опкружуваат како негово обезбедување, а на близок пријател му се доверил дека еден од агентите лажел кога пред некое време изјавил дека бил каснат од германскиот овчар на Бајденови.

Украински разузнавачи пробале да врбуваат данска новинарка

Наградуваната воена репортерка Матилдe Кимер, која за данската телевизија известува од Украина уште од почетокот на кризата во 2014-та, откри дека украинската разузнавачка служба неочекувано ѝ ја укинала акредитацијата. Ѝ понудиле да ја преиспитаат одлуката, под услов тие да имаат завршен збор во  нејзините репортажи.

Што бара Русија, а што Украина за завршување на војната

Деновиве и Русија и Украина проговорија на тема мировни преговори за 10-месечната војна во Украина, и објавија свои барања. И според барањата, ова не е ни приближно при крај.

Американската војска спушта критериум

Армијата на САД ги олабави медицинските норми за примање нови регрути. Старите критериуми ги исполнувале само 23% од младите. Според новите, шанса да бидат војници ќе добијат и лица што биле дијагностицирани со благи ментални растројства.  

Бежанија од Германија

Секоја четврта компанија во Германија размислува да го пресели прозиводството во друга земја заради енергетската криза. Медиуми драматично пишуваат дека најсилната европска економија пука по сите рабови. Е сега, замислете тек ние во каква ситуација сме.

Дојде време Германци да се жалат од германски тенкови

Украина може треба да и заблагодари на Германија што не и прати тенкови, откако од 18 тенкови ангажирани за една воена вежба во Германија сите 18 биле „капут“.

Дупката во санкциите против Русија е голема колку цело Касписко море

Русија и Иран веќе работат на нова интерконтинентална трговска рута која почнува од крајниот ќош на истокот на Европа (Каспиското море), а завршува во Индискиот океан, некои си 3.000 километри, и нема да може да биде контролирана од меѓународни санкции.

Нема убедливи докази дека нападот на Северен тек е изведен од Русија

Иако ниту еден од западните политичари што првично ја обвинија Русија за експлозијата ја нема повлечено својата изјава, се повеќе западни функционери сега се сомневаат дека Кремљ е одговорен за експлозијата, пишува Вашингтон пост.

Шведскиот суд не го занима ни НАТО, ни Ердоган

Врховниот суд на Шведска одлучи дека нема да ја дозволи екстрадицијата на маж кој Турција го бара под обвинение дека бил дел од обидот за пуч против Ердоган, а чија испорака е на листата задачи што Шведска треба да ги заврши ако сака да влезе во НАТО.

Кина се подготвува за војна со Тајван

Не се работи за следните месеци или за следната година, ама Кина ја подготвува својата војска за започнување војна до 2027, тврди актуелниот директор на ЦИА, Вилијам Бурнс.

Разговор со Валери Залужни, генералот што ја брани Украина

Кога почна агресијата ние почнавме само да го спроведуваме она што го знаевме, уште од 2014, и искуството и вештините што ги научивме од тогаш. А најважното искуство што го имавме и она што го практикуваме како религија е дека Русите и секој друг непријател мора да биде убиен, само убиен, и уште поважно не треба да се плашиме да го правиме тоа, порачува првиот човек на украинските воени сили Валери Залужни во интервјуто за британски Економист.

Војната во Украина ќе ја реши кој прв ќе добие повеќе ракети и гранати

Напредувањето на Украинците периодов е забавено што заради лошото време, што заради консолидацијата на руските одбранбени линии, меѓутоа интензитетот на борбите не е ни најмалку стишен и тие упорно ги празнат залихите и на луѓе и на муниција на двете страни.