Папата Франциско се најде сред лавина критики од украинските власти за коментарите од негово интервју од минатиот месец емитувани последниов викенд, со кои ја повика Украина да најде „храброст за бело знаме“ и да преговара со Москва за завршување на војната.
Поглаварот на римокатоличката црква порачува дека Киев треба да биде отворен за мировни преговори со Русија, бидејќи Украина се соочува со можен пораз.
„Мислам дека најсилен е оној кој ја гледа ситуацијата, мисли за народот и има храброст за бело знаме и преговори“, порача тој.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба реплицираше дека најсилен е оној кој стои на страната на доброто додека се бори со злото.
„Кога станува збор за белото знаме, ја знаеме оваа стратегија на Ватикан од првата половина на дваесеттиот век. Ве повикувам да не ги повторувате грешките од минатото и да ја поддржите Украина и нејзиниот народ во нивната праведна борба за нивните животи. - изјави Кулеба“.
Нашето знаме е сино- жолто. Ова е знамето со кое живееме, умираме и победуваме. Никогаш нема да креваме други знамиња.
Накратко, уште ги следат упаствата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон кој своевремено ургентно дојде во Киев и веднаш го анулираше прогресот на мировните преговори во Турција, порачувајќи им на Украинците дека нема да се преговара туку ќе се гине.