Откако беа објавени постерите, критиките од десницата беа дека одговорните за сликата се „подготвени да се откажат од Франција, и одат до таму што сакаат да ја извитоперат реалноста за да ја променат историјата“.
Еден од коментарите од десницата беше и „која е поентата да одржуваме Олимписки игри во Франција ако криеме кои сме?“
Авторот и организаторите се правдаат дека постерот е површен приказ на Париз, а не негова детална копија, посочувајќи дека на сликата Ајфеловата кула е розова, а низ Триумфалната капија минува метро воз.
Палатата е една од знаменитостите на Париз и е цел комплекс кој е посветен на воената моќ и историја на Франција, во кој се наоѓа гробницата на Наполеон, а вклучува и старечки дом за воени ветерани.
Комплексот периодов е проблематичен и заради плановите на француските власти да и дозволат на саудиската олимписка делегација својот камп да го постави токму во воениот комплекс.
За конзервативната пратеничка Натали Сер „некои работи не се на продажба, а една од нив е Палатата на инвалидите.“ За разлика од нејзе, министерот за одбрана, порачува дека владата е наклонета кон предлогот, а Саудиска Арабија се обврзала да ја почитува безбедноста и финансиските мерки на Палатата“, објаснувајќи дека Ријад е „важен одбранбен партнер“ на Франција.