Сопругата на Макрон не е транссексуалец

Францускиот претседател за прв пат јавно проговори против тврдењата дека неговата сопруга Брижит Макрон е родена како маж, отфрлајќи ги како „лажни и измислени“, откако неговата полу-ќерка неодамна ја спомна теоријата на заговор.

„Најлошата работа се лажните информации и фабрикуваните сценарија. Луѓето со тек на време им веруваат и тоа те вознемирува, дури и приватно,“ изјавил Макрон.

70-годишната Брижит Макрон веќе неколку години е мета на заговор според кој таа е родена како маж и со тек на време транзиционира во жена. Таа од 2007 е во брак со 24 години помладиот Макрон.

Шпекулациите неодамна повторно воскреснаа откако 40-годишната ќерка на Брижит, Тифен Озиер, во интервју изјави „загрижена сум за нивото на општеството кога ќе чујам што се врти на социјалните мрежи околу тоа дека мајка ми е машко.“

Макрон на само 15 години ја започнува врската со тогаш 40-годишната мајка на три деца Брижит Озиер, која му е професорка на училиште.

Двете авторки кои ги започнаа гласините во јуни добија „симболични казни“ од француската апелација. Двете тврдат дека биле мета на „закани од властите“ откако „ултра заштитени“ припадници на парискиот естаблишмент се обидел да прикрие „државна тајна“. Теоријата на заговор што тие ја шират е дека Брижит била родена во 1953 како момче по име Жан Мижел Троњу (семејното презиме на Брижит пред првиот брак). Дополнително ниво на заговорот е и дека првиот сопруг на Брижит никогаш воопшто не ни постоел пред тој да биде пријавен како мртов во 2020.

11 март 2024 - 12:53