Украинска правда пишува дека Залужни бил пред воено-лекарската комисија уште пред да биде назначен за амбасадор, каде не ги минал тестовите.
Откако беше сменет од Зеленски, Залужни бил ставен на располагање на министерството за одбрана, меѓутоа и таму не нашле потреба за него.
„Министерот за одбрана Умеров не му понудил на Залужни никаква позначајна позиција која ќе одговара на неговото ниво на обука и искуство, исто како што и Зеленски претходно не му понуди.
Под овие околности генерал Залужни одлучи да поднесе оставка од воена служба за да има можност и право да работи нешто друго,“ пренесува Украинска Правда.
Според украинскиот закон лица кои активно служат војска не можат да исполнуваат дипломатски должности.
Залужни беше сменет од Зеленски на почетокот од февруари, а дури на 7 март беше именуван за украински амбасадор во Британија.
Во овој период се јави процедурален проблем од новиот закон за украинската војска по чие донесување не беше јасно како се отпушта генерал од војска, дали со наредба од министерот за одбрана или со декрет од Претседателот.