Откако сите му се качија на врат на еден од основачите на Фејсбук дека го менува државјанството за да избегне данок, сега некој од тие сите пресметаа дека Саверин е во минус од 180 милиони долари заради промена на државјанството.
Расколничка група на Амиши е обвинета за "терористички напади" против своите некогашни сожители. Не можете да замислите колку може Амиш да биде расипан.
Додека претседателот на Того не си поднесе оставка, мажите во земјата нема да добијат секс од своите сопруги. За почеток, ќе има тест период од 1 недела.
Со Русија управува организација налик Политбирото, составена од 8 моќници, а Путин е само човекот кој одржува баланс меѓу нив, се тврди во извештајот на московски Минченко консалтинг.
Од кога не сте виделе новинар како питбул да се закачи за политичар кој лаже? И тоа, пазете луксуз, заради прецизно информирање на јавноста! Веројатно откако не сте свртеле на некој странски канал. Андерсон Купер, CNN:
Во глобала, Брејвик не можеше да мине подобро. Доби казна што ја посакуваше, која ќе ја отслужува во ќелија што е подобра од соба во нашиве студентски домови.
Кога од мал ќе те испуштат од раце и нема да те воспитаат дека ручекот од сабота се јаде и во понеделник, а во вторник не чека тој од недела, тогаш ќе имаш просек како Американциве - се фрла 40% од храната.
Ситуацијата со Асанж е следна: човекот е во амбасадата на Еквадор во Лондон и некако треба да стигне до Еквадор без да биде фатен. Тука се компликуваат сите работи.
Прв проблем на Фејсбук е што речиси половина од корисниците ја имаат изгубено довербата во него. Втор проблем, ниту инвеститорите повеќе не се премногу уверени во моќта на компанијата. Решение - национализација.
Во 2006-та почина претседателот на Туркменистан и невиден мегаломан во слободно време, Сапармурат Нијазов. Него го наследи Гурбангули Бердимухамедов, мегаломан од слични размери. Во земјата сè е како Сапармурат никогаш да не умрел.
Освен ако нема фетиш на банани, Андите или желките од Галапагос, нејасно е зошто Џулијан Асанж го одбра токму Еквадор за свое царство на слободата. Според документите од Викиликс, таа држава е полна со корупција, заплашување и репресија.
Кога на 19-ти јуни Асанж ја изгуби битката за депортирање во Шведска, прво нешто што направи е да фати џаде во амбасадата на Еквадор во Лондон. Од тогаш не е мрднат од зградата.
Екипажот на авионот на ЕрФранс, кој од Париз тргна за Бејрут ама заврши во Дамаск, морал да собира пари од патниците за да плати гориво за да си замине од Сирија.
Садам во 2003-та беше откриен во дупка во градот Ад-Давр, само 25 километри од родниот Тикрит. Човекот што го криеше има само да изјави - ми побара помош, му помогнав.
Фабриката за Калашников работи под полна пареа, ама не заради Талибани, Саудијци или африкански господари на војната, туку поради Американци со мерак на калаш.
"ТЕД денеска е место во кое идеите, без разлика на нивниот квалитет, се тепаат да станат славни и да живеат во форма на видео клипови и твитови". Вака распали уредникот на The New Republic по површноста на концептот на "идеи вредни за споделување".
На кампањата низ САД, Обама застана на најголемиот панаѓур во Ајова, и на сопственикот на еден од пивските шатори му направи штета од илјадници долари.
Само во првата половина од 2012-та, 39 милиони Кинези патувале надвор од својата татковина. Што е отприлика како цела Полска да остане празна во рок од 6 месеци.
Во крајно корпоративен манир, сомалиските пирати за да им го намалат стресот на своите заробеници им даваат меморандуми во кои учтиво објаснуваат што треба да направат ако сакаат да го добијат бродот.
Дејвид Камерон уште со време најави дека по завршувањето на Олимпијадата едно 5 години државата ќе треба да штеди. По завршување, рокот се продолжи до 2020-та.