Едуардо Саверин е роден Бразилец, кој за време на школувањето во САД се стекнува со американско државјанство. Во времето пред излегување на Фејсбук на берзата, тој објавува дека го отфрла американското државјанство и го менува за државјанство на Сингапур.
Главната забелешка беше дека Саверин го откажува американскиот пасош за да се спаси од даноци на неговите акции во Фејсбук, кои во тоа време се проценуваа на 2,4 милијарди долари.
Она што тогаш не го знаеа е дека Саверин мора да плати данок на своите акции, како да ги продал по цената колку што биле на денот кога го откажал државјанството. Ова значи дека на 2,4 милијарди долари, Саверин платил данок од 365 милиони долари. Ако се земе во предвид дека денес акциите на Фејсбук вредат два пати помалку, тогаш излегува дека Саверин преплатил околу 180 милиони долари во данок (кој инаку не би го платил да останел Американец). На ова треба да се додаде и дека неговите акции имаат изгубено 1,2 милијарди долари од вредноста.