16 членови на една група Амиши кои се отцепиле од својата заедница, се обвинети дека во неколку напади им ги отсекле брадите на членови на главната група на Амиши во Охајо.
Нападите на групата се водат како злодело од омраза и по таа основа ако бидат осудени можат да добијат до 20 години.
Освен ова, лидерот на групата, Самуел Мулет е обвинет и за претепување на членовите кои не го почитувале, дека имал секс со жени во брак за да ги "прочисти," и дека ги нарачал сечењата на бради на сите кои го критикувале.