Револт против ТЕД

"ТЕД денеска е место во кое идеите, без разлика на нивниот квалитет, се тепаат да станат славни и да живеат во форма на видео клипови и твитови". Вака распали уредникот на The New Republic по површноста на концептот на "идеи вредни за споделување".

„Идеите кои вредат да се споделуваат се претворија во идеи кои ниедна фуснота не може да ги поддржи," пишува Евгениј Морозов од TNR. По него, тоа е еден самодоволен и површен свет во кој проектите стануваат муабети, муабетите стануваат книги, книгите стануваат муабети... и така до бесконечност.

Морозов смета дека клучен проблем на екосистемот на ТЕД е индифрентноста кон политичкиот елемент. Институциите и демократската дебата надмено се игнорирани и во технологијата се гледа deus ex machina која ќе ги реши проблемите со сиромаштијата и неписменоста.

Уредникот забележува дека заради чудната аверзија кон конвенционалните механизми, таканаречена ТЕД елита не може да сфати дека за решавање на кој било од големите проблеми се неопходни политички решенија.

Повод за неговата тирада против површноста на ТЕД е книгата на популарното ТЕД дуо Параг и Ајша Кана кои ги прави партал.

повеќе

15 август 2012 - 10:27