Сите полицајци од меѓународниот аеродром во главниот град на Мексико се сменети, по престрелката на аеродромот пред 2 месеци во која 3 полицајци беа убиени од своите колеги.
Од министерството објавиле дека сите 348 полицајци се преместени на други работни места во другите сојузни држави. Од полицијата тврдат дека новите полицајци "минале низ двојни анкети за работа и проверки на минатото."
Убиствата се случија во јуни, кога тројца полицајци се обидоа да уапсат неколку полициски агенти, осомничени за трговија со дрога. Кога полицајците тргнале да ги уапсат агентите, овие отвориле оган. Двајца загинале на лице место, а еден починал во болница.