"Олимписките игри прилично добро успеаа да го прикријат фактот дека сме на раб на депресија," порачал професорот од Универзитетот Хал, Сајмон Ли.
Слични ставови имаат и останатите економисти, по кои Британија ќе падне во депресија и ќе биде потребно време за да се средат проблемите на светската финансиска криза.
"За разлика од Олимпијците кои не воодушевија во изминатите денови, нашата економија се уште нема достигнато полна физичка подготвеност. Заздравувањето и повторното урамнотежување на нашата економија ќе биде долг процес," изјавил гувернерот на Банката на Англија.
Моментално БДП-то на Британија е 4,5% помал отколку пред почетокот на кризата. Владиниот долг е многу над 1.000 милијарди фунти, со шанси да порасне на 90% од БДП-то и покрај строгите мерки за штедење.