Продажбата на "Саига," цивилниот модел на Калашников, минатата година во САД пораснала за 50%, што за споредба значи дека Американците купуваат исто број на автомати како и руската армија и полиција.
Америка е посебно плоден пазар за продажба на Калашников, бидејќи заради строгите закони дури и во Русија е потешко да го купиш автоматот отколку во САД.
Американските статистики покажале дека продажбата на оружје сериозно пораснала во 2009-та, по изборот на Барак Обама за претседател и почетокот на економската рецесија. Американскиот пазар на оружје (за цивили) се проценува на 4,3 милијарди долари годишно.
Цивилната побарувачка е клучна за фабриката, бидејќи таа добива се помалку нарачки од армијата, која чека завршување на моделот АК-12 пред да го обнови арсеналот. Друг проблем им е што светскиот пазар е преплавен од Калашникови, бидејќи во досегашната историја произведени се над 100 милиони примероци, а најголемиот дел од нив се уште се функционални.