Само зијан од Обама

На кампањата низ САД, Обама застана на најголемиот панаѓур во Ајова, и на сопственикот на еден од пивските шатори му направи штета од илјадници долари.

И покрај тоа што Обама нарачал тура за сите во шаторот, сопственикот тврди дека пак на крај од денот е минус од 25.000 долари заради посетата на претседателот.

Додека Обама бил во шаторот, влезот бил дозволен само по детално претресување од Тајната служба. Сопственикот се жали дека посетата била во најпрометниот дел од денот, заради што изгубил голем дел од муштериите.

На страна ова, сопственикот, Мајк Канингем, е републиканец и изјавил дека нема намера да гласа за Обама.

"Пред ова не би гласал за Обама. А ни сега не би гласал," изјавил Канингем.

И покрај ова, тој му подарил маичка на претседателот со натпис "Штеди вода, пиј пиво."

15 август 2012 - 09:01