Сопствениците на брод заробен од пиратската група "Jamal's Pirate Action Group" добиле писмо на меморандум на кој го има и логото на групата, кое почнува со: "Честитки за Компанијата / Сопственикот."
Понатаму во писмото објавено од Ројтерс, пиратите продолжуваат во истиот манир, смирено објаснувајќи дека заробениците треба да го прифатат секоја нивна наредба или во спротивно ќе го изгубат бродот и екипажот.
Според сајтот Strategy Page, сомалиските пирати имаат сериозно голем пад во обемот на работа. Последниот брод што го имаат запленето е рибарски брод и тоа на 19-ти јуни, а во периодот меѓу јануари и средината на јули годинава тие имале 32% помалку киднапирања отколку во 2011-та.
"Нив ги интересираат само пари. Ако се престават себе си и се однесуваат како некој што ќе ги почитува своите ветувања, многу е поверојатно дека ќе го добијат бараниот откуп, лесно и ефикасно," објаснил адвокат кој учествувал во повеќе преговори со пиратите.