Свет

Конгресменката што (за сега) нема пари за да се пресели во Вашингтон

Нова конгресменка, демократ ама од тие што се по на лево, не може да си дозволи пред првата плата да се пресели во главниот град на САД каде што треба да го изработи својот мандат.

Ако Демократите освоија милиони гласови повеќе, како Републиканците го задржаа Сенатот?

Малку таков им е системот, малку инженеринг околу цртањето на границите на изборните единици, а има и класични формално-правни сопки правото на глас да го остварат оние за кои знаеш дека нема да гласаат за тебе.

Во Лондон уапсена жената која потроши 21 милион долари во Хародс

Не е уапсена по барање на сопругот, туку заради некои дејанија на сопругот, претежно криминални.

Кој ги спискува милијардите на Гадафи? Белгија ги спискува милијардите на Гадафи

Во тек е истрага која треба да утврди каде белгиските банки имаат уплатено милијарди евра од замрзнатиот имот кој му припаѓаше на Муамер Гадафи.

Макрон го рехабилитира Петен?

Што прави земја со некој кој бил херој во една а предавник во друга војна? За да ги скратат дилемите, Французите го осудија на смрт маршалот Петен, човекот на кој му беше дадено да води една марионетска влада за да има примирје со тогаш најмоќната сила во Европа. Примирје во кое му окупираа пола земја, сосе Париз.

Јужнокорејското #MeToo е со шишање на нула

Протестот против масовно раширената навика на тајно снимање девојки за време на секс, без нивно знаење или дозвола, или снимање девојки во јавни тоалети, Јужнокорејките одлучија да го направат со шишање на сопствената коса на нула.

Трамп во моментов би изгубил од секоја жена на сцената

Идејата „Трамп 2020“ за втор претседателски мандат на актуелниот претседател има сериозен противник: женски противкандидат, кој и да е. Според моменталното расположение Трамп би изгубил од секоја жена која - макар и на зезање - била спомната како негов противкандидат. 

Нема живот за малите, онаму каде што големите си ги мереле

Земјите кои за време на Студената војна беа на линијата на фронтот помеѓу САД и СССР,  сега се потполно небитни и заборавени a деновиве им се случува тотален општествен колапс и масовен егзодус на населението. Чисто да се доежиме од онаа оценка на американскиот секретар Џон Кери дека Македонија е на „линијата на огнот“ меѓу Вашингтон и Москва.

Италија ќе дава нива за трето дете

Наместо стандардните парични надоместоци, Италија ќе се обиде да стимулира многудетни семејства со делење државно земјоделско земјиште.

Британија е многу, многу назад со брегзит

Бегалката од ЕУ на пет месеци пред брегзит има одново склучено само 14 од 236-те меѓународни договори што ЕУ ги има потпишано со земји низ светот, а Британија како членка активно ги користи.

Италија би со шлепери метални парички да ја плаќа казната од ЕУ

Како што ЕУ се подготвува да ја казни Италија со 3,4 милијарди евра (0,1% од БДП-то на земјата), така Италија почнува да ѕврцка со метални парички.

Речиси и нема кој не го прислушува Трамп

Секој пат кога Трамп ќе го крене приватниот мобилен за да се чуе со пријателите (да се пофали или да оговара), во разговорот има уште најмалку три пасивни страни: домашни шпиони, плус кинески и руски.

Кина гледа, Русија вади

Најавата за американско повлекување од историскиот договор за контрола на вооружувањето со Русија нема многу врска ни со нуклеарното оружје ни со Москва. Кинезите имаа отидено многу напред и треба да се стигаат.

Може ли #MeToo да е компатибилен со шеријат?

На првата пушка на #MeToo, Алиса Милано, чие обвинение против Вајнстин за сексуално малтретирање го започна целиот бран на женско отворање и раатисување, и понатаму редовно и се трие од нос нејзиното пријателство за Линда Сарсур, половина активист за права на жените, половина поддржувач на шеријатот.

Заштита на приватност на домофон

Во Виена се почнува со бришење на имињата од домофоните и поштенските сандачиња во име на ГДПР законот за заштита на личните податоци и приватноста на граѓаните, па постепено сето ова фаќа да се тркала накај Германија каде добива на масовност.

Кина пушта мост долг 55 километри

Само за да ни прават мака кога во кола кмишиме пред нашите мовчиња од по 40 метри кои се реновираат со месеци и ц'цкаме колку ѓубре има фрелно покрај пат. 

Француските професори буквално на нишан

Откако Франција беше извадена од памет од видеото со средношколец како со пиштол и се заканува и ѝ мавта пред очи на својата професорка, обидот за смирување на јавноста се сведе на - се шегуваше младичот.

Движењето Пет ѕвезди во Рим не е ни блиску до пет ѕвезди

Од улици начичкани со преполни контејнери, до кратери на улиците и автобуси што експлодираат, на локалните власти во Рим последно нешто што им е на список проблеми е да се објаснуват дали се „популисти“ или не.

Советот на Макрон доби среден прст

Момчето кое доби шанса да се слика со Макрон и ја искористи за да покаже среден прст, подеднакво го искористи и советот од Макрон да го смени својот начин на живот (да не биде криминалец) и е уапсен заради поседување дрога.

Колку е подготвена Саудиска Арабија да ја поскапе нафтата заради проблемите околу исчезнатиот новинар?

Пред 45 години Саудиска Арабија беше таа која одлучи да им воведе нафтена блокада на САД заради нивната поддршка на Израел. Сега арапското кралство се соочува со закана од санкции ако во најскоро време не испорача некое објаснување за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги.

Смогот му се врати на Пекинг

По два месеца сини неба и локални власти кои собираа масовни хвалоспеви, небото над Пекинг повторно се врати на старите 50 нијанси смрдливо сиво.

36.000 Ирачани сакаат да станат министри

Ирачката влада прибегнала кон онаа ПР финта кога се сака да се долови впечаток на инклузивност, непартијност, мериторност, отвореност на каналите за вертикална промоција итн: објавила јавен конкурс за министри. Едвај ги преброиле апликантите. 

Либерија и ужасите од „добронамерните“ странци

Новинарска истрага во Либерија открива дека во тамошно училиште раководено од американска НВО со години се случува систематско силување на девојчиња.

Не може Бил толку да вара колку што Хилари може да прости

Тоа што речиси 50-годишниот претседател на САД имал врска со 22-годишна приправничка во Белата куќа не е злоупотреба на моќ, барем не според жената која во тоа време беше Прва дама на САД.