1 милијарда долари бело заврши во полициски склад

По рекордна заплена на пристаништето во Филаделфија, американските власти станаа сопственици на кокаин во вредност од над 1 милијарда долари.

Полицијата сега ќе треба да најде магацин за да ги смести 15-те тони кокаин фатени на голем транспортен брод вкотвен на пристаништето во Јужна Филаделфија.

Бродот на кој е запленета дрогата плови под знамето на Либерија, и пристигнува во Филаделфија во понеделникот во 5 часот наутро. Според новинските извештаи бродот претходно бил во Чиле и Панама, но се верува дека дрогата биле товарена за време на неговото кратко застанува на Бахамите.

За сега не се открива потеклото и од чија жетва е кокаинот.

Претходно во март годинава во Филаделфија беа запленети 538 килограми кокаин, а во јануари на пристаниште во Њујорк беа запленети 1,4 тони кокаин.

19 јуни 2019 - 09:33