Освен ова 28-те лидери кои ќе дебатираат за изгласување на највисоките позиции во Унијата, исто така нема да смеат во салата да ги донесат и своите дипломатски советници. Тест за самитот во Брисел беше едно слично собирање на ЕУ лидерите од пред еден месец.
Проблемот е се поголемиот страв од злоупотреба на мобилна технологија (и тоа треба да се има предвид дека секој од овие 28 лидери има специјално заштитен смартфон, а не обичен купен во мобилара), и дека странски сили како Кина и Русија би можеле да прислушуваат што се кажува на преговорите и како се дошло до одлуката.
До сега заедно со лидерите на ЕУ доаѓаа и нивните советници. Со тек на време лидерите прилично се опуштија во користење на своите смартфони, па твитаа одлуки, разменуваа информации од затворените преговорите со своите советници или со сопствените влади. Дел се фатени и како испраќаат пораки од доверливи документи.
ЕУ уште пред почетокот на преговорите за брегзит во 2016 ги предупреди своите дипломати дека во Брисел има повеќе шпиони отколку кој било град во светот. Кога почнаа преговорите за брегзит во 2016, британските претставници беа предупредени да бидат повнимателни каде разговараат заради опасност од шпионирање. ЕУ властите тврдат дека во градот има стотици руски и кинески шпиони, од кој дел се претставуваат како акредитирани новинари.
Минатата година, Сабин Вејанд, заменик главниот преговарач на ЕУ за брегзит, во приватен разговор со дипломатите изјавила дека Британија некако дошла до нејзината доверлива презентација околу преговорите. Ова таа го толкувала како знак дека британските тајни агенти ги прислушувале нејзините состаноци.