Стратешката агенда за 2019 - 2024, е критикувана од секој што посериозно се занимава со проблемот по основа дека е само „збир на популарни зборови“, без никакви детали. Иако не се очекува во него да се содржани детални проекти, документот на Унијата нема наведено кои цели ќе се постигнат, буџет за сето тоа и која членка што и колку треба да постигне. Документот се надоврзува на Климатскиот договор од Париз, цитирајќи ги тамошните бројки.
Дополнителна забелешка е што Унијата не е ни најмалку амбициозна, и дека не презема лидерство и да се стреми кон дополнително кратење на загадувањето, па целите зацртани за 2050 да ги оствари најмалку десет години претходно.
Критиката на Гринпис се однесува на тоа што во документот не се спомнува производството на храна, а истовремено се знае дека 13 до 17 проценти од стакленичките гасови на ЕУ отпаѓаат на одгледувањето стока. Тие потсетуваат и дека сточарството во ЕУ добива субвенции од 27 милијарди евра.
„Европските лидери чувствуваат притисок да даваат грандиозни ветувања за климата, меѓутоа нивната стратешка агенда многу повеќе е збир популарни зборови отколку итен одговор на најголемата закана за човештвото. Списокот контрадикторни предлози покажува дека европските лидери ќе го приоретизираат економскиот раст на ист начин како и порано, дополнително поттикнувајќи општествена нееднаквост и климатски и еколошки кризи,“ изјавуваат од Гринпис ЕУ.
Агендата составена од тимот на Доналд Таск ќе биде ставена на гласање на самитот во Брисел на 20-ти јуни.