Руските функционери кои зборуваат со Блумберг изјавуваат дека барањето е директно отфрлено од Путин. Инаку, иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф на 7-мај ја посети Москва.
До сега продажбата на ракетниот систем С-400 беше прилично контроверзна во случаите со Турција, членка на НАТО, и Индија, стратешки партнер на САД во тој дел од светот.
Периодов во Персискиот залив станува се понапнато меѓу Иран и САД, а Трамп одлучи да испрати и дополнителни американски војници во регионот.
„Секое реално или замислено засилување на Иран може да доведе до ескалација - ако Русија стварно му одбила такво барање на Иран, тоа значи дека Русија сака да продолжи да работи на односите со Саудиска Арабија и Израел, и да ги остави живи шансите за преговарање со Трамп.
Ако Русија реши да го снабди Иран со С-400, тоа ќе биде директна закана за Саудиска Арабија и Израел, па ќе биде против сопствените национални интереси на Русија,“ објаснува за Блумберг, раководителот на Центарот за анализи на стратегии и технологии од Москва, Руслан Пухов.
Русија е една од државите која го брани нуклеарниот договор со Иран, што САД го напушти минатата година пред повторно да воведе санкции против Иран.