Припадниците на полицијата, а не приведените, мораа да ја излупаат целата пратка камења од Еквадор во потрага по кокаин. Станува збор за 12 бродски контејнери полни со карпи. Во купот се откриени 785 пакети со над килограм кокаин во секој од нив.
Уапсените се дел од организација составена од жители на Венецуела и Колумбија. Според полицијата групата била „посветена на внесување сериозни количини кокаин во Шпанија и нивно последователно ширење во остатокот од Европа“.
Истрагата е започната пред една година, а полицијата тврди нејзини луѓе следеле повеќе добро познати нарко-дилери и забележале дека дел од нив имале контакти со компанија што работи во бизнисот со камења.
Рацијата била изведена во моментот кога групата се обидувала да ги извади пакетите дрога од камењата.