Пораката е дел од една поопшта напнатост на свештениците од ѕврцкањето телефони на луѓето присутни на миса.
„Кога ќе влезете во оваа црква, можно е да го чуете повикот од бога, не е крајно невозможно дека повикот ќе дојде на вашиот мобилен телефон. Ви благодариме што го имате изгасено телефонот.
Ако сакате да зборувате со Господ, влезете внатре, најдете тивко место, и зборувајте со него.
Ако сакате да го видите Господ, пратете му Вотсап порака додека возите,“ пишува на знакот пред влезот на црква во Галиција.
Пораката заслужено го привлекува вниманието на локалците и од таму продолжува да се шири меѓу шпанската публика на социјалните медиуми.
Како ретко кога на интернет, Попот што го става знакот главно добива поддршка и по двете основи, и за тоа дека е некултурно да оставиш вклучен телефон во црква, и за тоа дека не треба да користиш смартфон додека возиш.
„Се послужив со хумор за да ги освестам луѓето дека тоа што се толку зависни од овој уред не е добра работа. И не зборам само за во црква; исто треба да го изгасиш и кога си на јавни места затоа што има напорен звук.
Треба да го избегнуваме ако можеме. Не треба да го користиме како замена за стариот добар разговор лице во лице,“ изјавил за Ел Паис попот копирајтер.