Додека го набива колецот, човекот сфаќа дека предизвикал пожар. Тој веднаш се обидува со лопати земја да го изгаси пожарот, меѓутоа огнот ги зафаќа околните предмети.
Човекот се зафаќа да го изгаси пожарот со вода од блискиот резервоар, меѓутоа пластичното црево се топи од огнот и го спречува течењето вода.
По сите неуспешни обиди тој се качува на квад-мотор за да го претрка огнот до блискиот рид и таму да исече неколку дрвја за да го спречи ширењето. И тоа не му успева бидејќи губи контрола над квадот и скока од него. Тогаш тој трча до дома и им врти на пожарникарите.
Овој пожар е еден од двата пожари кои го составија Мендочино пожарот, најголемиот пожар во историјата на Калифорнија кој беше комплетно изгасен дури во јануари годинава. Во него загина еден пожарникар, тројца беа повредени, а над 280 објекти беа уништени.