Во истоварувањето на француските плажи загинаа 2.501 американски војник, и уште 1913 војници од останатите сојузници.
Ако првата бројка беше достигната на 6-ти март, втората бројка и вкупниот биланс на сојузнички жртви од Денот Д, беше достигнат на 26-ти април. Од овие бројки се исклучени смртните случаи кои се последица на самоубиство.
Иако најголемиот фокус отпаѓа на масовните пукања што редовно се случуваат во САД, во доминантно најголемиот број од случаите станува збор за убиства во кои има само една жртва.
Пред некој ден во разговор со Трамп, Морган Пирс објаснувајќи дека САД имаат проблем со оружје му кажува дека Британија на пример има 35 убиства годишно. Одговорот на Трамп е - да имаа жртвите во Батаклан оружје (парискиот клуб во кој беше извршен терористички напад) ќе можеа да се одбранат од напаѓачите. Проблемот со овој аргумент е што во нападот на Батаклан беа убиени 130 луѓе. Истата седмица кога се случува нападот во Париз, во САД 234 луѓе беа убиени со огнено оружје. И просекот е отприлика ист во секоја следна недела.
Официјалниот извештај на американската армија за Денот Д, покажува дека од истоварувањето на 6-ти јуни, до 1-ви јули 1944, загинале вкупно 2.811 американски војници.