Изјавата и очекувањето е од поранешната висока советничка и блиска соработничка на Обама, Валери Џарет. Ова би било реприза на неговото појавување на кампањите за минатогодишните избори за Конгресот.
Таа не изјавила дали Обама има свој фаворит меѓу демократските кандидати, ниту пак даде свој пулен за изборите 2020, објаснувајќи дека во 2007, за време на претседателската трка Хилари пред првата дебата има 30 поени предност пред Обама.
За следните избори демократите имаат 23 кандидати, кои својата прва телевизиска дебата ќе ја имаат следната недела.
Избегнувајќи да го спомене поранешниот потрептседател, директно запрашана за Бајден, Џарет изјавува дека тој би бил одличен претседател.
Нејзината главна порака до демократските кандидати, на што има и работено со неколку од нив, е дека треба да се воздржат од остри политички напади на своите конкуренти, за да избегнат демократскиот претседателски кандидат „ослабен“ да влезе во трката со Трамп.
Џарет признава дека со Обама ги следеле изборите 2016 и во ниту еден момент не можела да ја предвиди победата на Трамп.