Свет

Америка да гледа и да учи

Откако 50 луѓе беа испотепани во терористички напад на лудак во две џамии, на премиерката и на пратениците на Нов Зеланд им беа доволни само 72 часа за да донесат важна одлука.

Франција ќе вади војска на улиците за следното издание на Жолтите елеци

За протестот во сабота, француската влада нареди распоредување на анти-терористички единици на армијата како обезбедување за јавните згради низ земјата.

Нурсултан, засекогаш

Неколку часа откако Нурсултан Назарбајев објави дека се повлекува од позицијата претседател на Казахстан, по само триесет години, новиот претседател, Касим-Зомарт Токајев, предложи главниот град на земјата да се преименува од Астана во Нурсултан.

Тимот што го уби Кашоги побарал бонус за својата работа

Наведувајќи го обемот успешно измачувани и киднапирани луѓе, СРИГ (Saudi Rapid Intervention Group) наводно побарале бонус од принцот престолонаследник Мухамед Бин Салман, пренесува Њујорк тајмс од нивни извори од американските разузнавачи.

Пилотите на Боинг 737 Макс 8 добиле „еден час обука на Ајпад“

Обуката за Макс 8 верзијата на 737-цата, од која во две одделни несреќи загинаа речиси 350 луѓе и ги здроби акциите на Боинг, за американските пилоти се состоела од дополнителни 60 минути предавање.

Диктаторот Франко ќе биде откопан од почесните гробишта

Шпанската влада одлучи дека останките на Франциско Франко треба да бидат отстрани од нивното сегашно почивалиште, меморијалниот комплекс Долина на паднатите (Valle de los Caídos) и да бидат префрлени во парцела на државните гробишта.

На Јапонците им снемаа шрафови за да ги довршат стадионите за Олимпијада

Најголемите градежни компании и трговци во земјата соопштија дека залихите на шрафови неопходни за спојување на челичните греди на стадионите и најразлични инфраструктурни проекти се целосно испразнети уште во јануари.

Канада ќе престане да праќа „летечки килими“ како хуманитарна помош

Медиумите открија дека со државни пари, од Канада во Хондурас како „хуманитарна помош“ стигнуваат пратки со хомеопатски лекови, здравствени тракатанци кои имаат научно покритие исто колку летечките килими.

Производителите на оружје ќе бидат тужени за масакрот во Сенди Хук

Во овој случај на отстрел е Ремингтон, најстариот производител на оружје во САД, а компанијата падна на маркетингот.

Италијанската правда како избор на мис

Во Италија ќе треба да се спроведе посебна истрага за работата на апелациониот суд кој одлучи дека една жена била „премногу грда“ за да биде силувана.

Дали ЦИА упадна во севернокорејската амбасада во Мадрид?

Ел Паис објавува информации од шпанските истражувачи на случајот според кои најмалку двајца од десеттемина кои упаднаа во севернокорејската амбасада, ги држеа вработените како заложници и избегаа со службените компјутери, се поврзани со ЦИА.

Списокот на американската влада за новинари што треба да се следат

Не станува збор само за следење како разочаран бивш од типот манијачење на Твитер и Инстаграм, туку прописно следење како што влада знае тоа да го прави.

Меѓународен Монетарен Феил

Некогашниот главен економист на ММФ, Индиецот Рагурам Раџан, предупредува дека капитализмот се наоѓа под сериозна закана. Главната причина за тоа ја гледа во тоа што капитализмот престана да обезбедува животни шанси за масите. А кога е така, масите се креваат против капитализмот.  

Оганот во кој изгоре една „хуманитарна“ лага

Со убав вовед, многу веродостојно звучеше таа приказна. На границата на Венецуела стигнува милионски вредна странска хуманитарна помош ама пошто државата е под чизмата на диктатор, тој безмислосно наредува да се запалат конвоите полни со храна и лекови за напатениот народ. Тројца новинари на Њујорк тајмс ја нагазуваат оваа приказна, доаѓаат до необјавени видео снимки и заклучуваат дека - е обратно. 

Екипата на Хилари уште му прави зулум на Берни Сандерс

Минатата недела повеќе луѓе кои работеа на кампањата на Хилари во 2016, кој јавно кој анонимно, ги искажаа своите фрустрации околу претседателската кандидатура на Сандерс за 2020.

Американска компанија се откажа од 400 милиони долари саудиски пари заради убиството на Кашоги

Средствата кои минатата пролет беа дадени од саудискиот престолонаследник на американската агенција за таленти, Ендевор, имаа дополнителна цел да внесат разноликост во економијата на кралството.

Инквизицијата на Демократите удри по муслиманската конгресменка

Во пакетот жени кои победија на ноемвриските меѓу-избори за американскиот Конгрес, беше и Илхан Омар, родена во Сомалија, преселена во САД, сега вработена во Конгресот. Омар ги има некои од најрадикалните ставови околу Израел. Радикални во однос на она што до сега има изговорено кој било американски конгресмен (не и вистински радикални).

Како Хуавеи стана мета за владата на САД

Во Канада (на барање на САД) е уапсена финансиската директорка на компанијата, во САД против компанијата се покренати кривични обвиненија, низ западниот свет 5Г технологијата на Хуавеи се корне од мобилната инфраструктура.

Акциска понуда за Трамп: ѕидот да биде готов за 1,4 милијарди долари

Цената за изградбата на 380 километри од ѕидот на Трамп до сега беше меѓу 8 и 12 милијарди долари. Првиот човек на градежна компанија од Северна Дакота смета дека некој му калеми трошоци на Трамп и му даде далеку пониска понуда.

Цепаниците од ЕУ прошверцуваа дрва како обвновлив извор

Неколку групи ја тужат ЕУ заради тоа што "шумската биомаса" (читај дрва) ја вклучија во групата обновливи енергетски ресорси. Тоа е класично мамење, тврдат овие за шибицарите од Европската комисија по кои испаѓа дека нашите баби и дедовци користеле исклучиво обвновливи извори. Само што тие тогаш се викале  - трупци.

Реду мој, прејди на друг

Во САД конечно се пријави добитникот на премијата од 1,5 милијарда долари, и според неговата верзија на настаните еден чекор ја направил разликата меѓу обичен живот и богаташ.

По 5 години Украина ги врати милионите на Јанукович. Не!

ЕУ санкциите против поранешниот украински претседател Виктор Јанукович се уште се во сила, како и кривичната истрага против него, и се уште не си близу до каков било успех.

Црнец стана претседател на нео-нацистичка организација

Една од најголемите и најстарите американски нео-нацистички групи во иднина ќе биде раководена од 54-годишниот Џејмс Харт Стерн, човек на кого ова не му е прва расистичка организација што ја земал под свое. Претходната ја растури.

Шкотска тргна накај сопствена валута

Планот на владејачката Шкотската национална партија е дека Шкотска ќе треба да создаде сопствена валута во рок од неколку години по напуштањето на Британија. И овој план, барем на прва не мина лошо.