Либан. Три четвртини во последниов век е строго поделен по религиозни линии. Секој ден има прекини на струја, секој ден има прекини на вода. Во главниот град по 3-5 саати, во провинција по 12 саати на ден. Тензиите се напнаа последниве години откако земјата стана дом на 1,5 милиони бегалци од Сирија а има и половина милион бегалци од Палестина. Кризата во Сирија одведе дополнителни 200.000 Либанци во сиромаштија па сега такви ги има еден милион. Плус други 300.000 невработени.
Инвестициите секнаа како резултат на подемот на Хезболах, парите од туризам секнаа заради забраните за патување во Либан. Двете битни агенции, Фич и Муди, ја рангираа кредитната способност на Либан во најлошата „џанк“ категорија.
Последниот премиер на Либан, Саад Харири, во политика влкезе откако неговиот татко Рафик, тајкун и премиер, беше убиен во Бејрут во 2005. Саад стана премиер во 2009 и оттогаш земјата мина разни политички кризи, најчесто предизвикани од арапската пролет во соседството.

Овој септември, Њујорк тајмс открива дека премиерот потрошил 16 милиони долари на еден јужноафрикански бикини модел. Инаку е женет и има три деца а пред скандалот со згодната Кандис Ван дер Мерве, ја затвори својата медиумска империја бидејќи со месеци не можело да им се обезбедат плати на околу 400 вработени. Има тој и градежна империја а богатството му се проценува на 1,5 милијарда долари.
Тој и таков Саад Харири цени дека на државата ѝ требаат дополнителни пари па решава да најави воведување данок на најевтините опции за комуникација, WhatsApp и Месинџер. Владата бргу го повлекува тој глуп потег но предоцна. На луѓето им пука филмот и масовно излегуваат по улици и блокираат сè живо и диво. Стотици и стотици илјади граѓани. Протести се забележани во 70-тина градови и села.
Без верски и политички симболи. Без наши и ваши. Само знамиња на Либан, само химната на Либан и едногласни извици „Лопови, лопови!“ Христијани и муслимани заедно, Сунити поддржуваат Шиити и обратно. Пред некој ден Саад Харири поднесе оставка. Којзнае како сето тоа ќе заврши.
Малата е оваа: